Стоилов победи во анкетата на ЕХФ, вардаровиот пикер е најдобар капитен во ЛШ

Играчот на Вардар, Стојанче Стоилов учествуваше во анкетата на ЕХФ, за најдобар пикер во Лигата на Шампионите. Вардаровиот пикер за противник го имаше Виктор Томас од екипата на Барселона. Стоилов доби повеќе гласови во анкетата од играчот на Барселона и е прогласен за најдобар капитен во Европа.

Амбасадорот Бејли од Македонија ќе се пензионира.

Американскиот амбасадор Џес Бејли најави дека ќе го напушти Скопје во март и дека наскоро потоа ќе се пензионира откако 34 години бил дел од Стејт департментот. „Ми беше најголема чест да работам со овој фантастичен тим, секој ден, во текот на изминатите четири години. Кејпи и јас со нетрпение очекуваме да им се заблагодариме на пријателите и колегите низ целата земја за нивната напорна работа на заедничките цели, мудрите совети и дарежливото гостопримство. Односите меѓу САД и Македонија се посилни од било кога. Ништо нема да го симболизира тоа…

ЗОРАН ЗАЕВ ВО КОМПАНИЈАТА ШТО ЈА ДОНЕСЕ НИКОЛА ГРУЕВСКИ: Просечната плата во Костал е 495 евра што е близу до нашата амбиција

Премиерот Зоран Заев, министерот Горан Сугарески и в.д. градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски вчера ја посетија фабриката на германската компанија „Костал“ во Охрид што е инвестиција донесена од „режимот на Груевски“. Преговорите за инвестицијата со германски „Костал“ започнаа во 2011 година и како што тогаш  рече по потпишувањето советникот во кабинетот на премиерот Никола Груевски, Алек Никовски интензивно се работеше за да се убедат дека Македонија е вистинската дестинација за нивниот нов производствен капацитет. – Реализацијата на оваа инвестиција е важна како за охридско-струшкиот регион, така и за целата држава…

Македонија како да се губи во преводот

Неодамнешниот случај во Велес илустративно го отвора прашањето како ќе се применува Законот за употреба на јазиците во практиката, каде што не постојат реални услови за користење овластен преведувач во секојдневна ситуација, за да биде испочитувано правото на граѓаните што зборуваат на јазикот што го говорат 20 отсто од населението, а притоа и јасно поставената хиерархија на употребата на јазиците Беше прашање на време, кое и не мораше долго да се чека, кога македонското општество ќе се „изгуби во преводот“ по почетокот на примената на Законот за употреба на јазиците.…

ВМРО-ДПМНЕ: Заев бега од избори бидејќи се плаши да се соочи со граѓаните, а единствена цел му е функционирање на криминалниот картел

Стравот на Заев од соочување со граѓаните на предвремени парламентарни избори е уште еден показател дека негова единствена цел е да продолжи да функционира криминалниот картел кој ги осиромашува и краде граѓаните на Македонија. Аболицираниот Заев единствено го интересираат криминалните тендери и грантови  кои станаа главна валута за исплата на партиските послушници, ова денеска преку соопштение го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ. -СДСМ ја уназади економијата додека граѓаните уште ја чекаат платата од 500 евра. Институциите се урнисани, судството партизирано, здравството во хаос, образованието нереформирано, стопанството дише на помошни апарати додека компаниите и…

Русјаков-Брегзит и мртвиот папагал на Монти Пајтон

Колумна за Нова Македонија Извештаите за малата чудна земја продолжуваат да пристигнуваат. На власт е тројна коалиција. Составена е од вообичаено октроирани, непознати сторители и од осумтемина амнестирани. Заедничка програма им се тендери и вработување роднини и швалерки. Во опозиција се математички прецизни политичари. Општественото уредување е амбасадорска џамахирија. Основна религија е идолопоклонство кон ЕУ и НАТО… Македонија е река во моето срце. Кога сакам да го измијам лицето со нејзините бистри води, таа река извира од моите очи и јас плачам. Ете, со оваа слика пред очи што ми…

Мисајловски: Пристигнати се 8 кандидатури, на сите кандидати ќе им биде обезбедено време и простор за презентација на нивната програма

Заврши рокот за пријавување на кандидати за претседател кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ на претстојната конвенција на партијата во Струга, која ќе се одржи на 16 февруари. До архивата на партија пристигнати се 8 кандидатури, но конечниот број на апликанти ќе биде познат деновиве со оглед на фактот дека дел од апликациите, би можеле да стигнат и по пошта, информираше на прес конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. -Сите кандидатури дополнително ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за проверка на законски предвидените услови за кандидати за Претседател на Република…

Стаменковска: Власта да престане со политичкиот прогон, упадот во домот на Димовски е обид за политички притисок и злоупотреба на институциите

Да се апси пратеник од опозицијата и да се бара одземање на неговиот имунитет за да биде испратен во притвор е пракса која не е позната во демократска Европа, туку во земји окупирани од криминалните картели, обвинува Невенка Стаменковска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Денешниот упад во домот на пратеникот Љупчо Димовски не е ништо друго освен обид за политички притисок и злоупотреба на институциите за пресметка со сите оние кои не се согласуваат и се спротиставуваат на антидржавните политики на Зоран заев. Нашиот колега Љупчо Димовски веќе еднаш беше жртва на политички…

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања утре ќе одлучува за притворот за Димовски

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања утре ќе одлучува по барањето за одобрување притвор на пратеникот и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд – Одделение за организиран криминал и корупција. Димовски, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над…