Дејанчо Ефтимов: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува властите за не преземање мерки против аерозагадувањето

Дејанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција, која ја одржа пред станицата за мерење на воздухот, сместена во кругот на болницата во Струмица, ги обвини и локалната и државната власт за не преземање мерки за спречување на загадувањето на воздухот. Интегрален текст од прес конференцијата. „Струмица со регионот подолго време е на врвот од светската топ листа на загадување на воздухот и иронично кажано го надмина епитетот „ЕвропскаСтрумица“. На големо најавуваните мерки кои Владата ги презема за решавање на овој проблем,немаат посебен ефект, затоа што се насочени кон последиците наместо кон причините. Кога…

Сонцето од Кутлеш “вратено” како официјално знаме во Австралија на Македонската заедница!

Maкедонската заедница во Аделаид и Јужна Австралија денеска одржала вонреден митинг на кој македонското државно знаме било заменето со сонцето од Кутлеш. “Денеска Македонската заедница од Аделаид и Јужна Австралија го замени наметнатото знаме на Република Македонија со македонското знаме кое ги претставува сите луѓе од окупираниот Македонски регион”, пишува на Фејсбук страната Maкедонска Коалиција. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=404210670123146&id=247922095752005

Виенската конвенција може да го урне договорот од Преспа?!

Френсис Ентони Бојл – професор по меѓународно право на универзитетот „Илиноис“, САД Нова Македонија Професорот Френсис Ентони Бојл, кој е предавач по меѓународно право на универзитетот „Илиноис“ во САД, поради моменталната ограниченост во можноста за поопсежно истражување, предизвикана од екстремно ниските температури и поларниот студ во Чикаго (каде што се наоѓа тој), специјално за „Нова Македонија“даде само професионално мислење, без подетално објаснување, во врска со можноста за евентуално подоцнежно оспорување на валидноста на Преспанскиот договор Имајќи ги предвид сите правни и политички контроверзии, кои го следеа Преспанскиот договор во Република…