Дејанчо Ефтимов: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува властите за не преземање мерки против аерозагадувањето

Дејанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција, која ја одржа пред станицата за мерење на воздухот, сместена во кругот на болницата во Струмица, ги обвини и локалната и државната власт за не преземање мерки за спречување на загадувањето на воздухот.

Интегрален текст од прес конференцијата.

„Струмица со регионот подолго време е на врвот од светската топ листа на загадување на воздухот и иронично кажано го надмина епитетот „ЕвропскаСтрумица“.

На големо најавуваните мерки кои Владата ги презема за решавање на овој проблем,немаат посебен ефект, затоа што се насочени кон последиците наместо кон причините.

Кога се пристапува кон решавање на проблемот и се барат причините, можеби треба да се запрашаме колкав е уделот во загадувањето на урбанистичките решенија врз основа на деталните урбанистички планови за градење и градежните активности од изминатите години. Да селоцираат поголемите загадувачи наместо да ги обвинувате граѓаните за лоши навики и неодговорност.

Едно од можните решенија од времето кога денешниот премиер беше градоначалник беше гасификација на институциите. Имено, се обвинуваа државните институции заради наводно намерното избегнување на процесот на гасификација, а истите според наши сознаниа и денес не се приклучени. Односно, да го побараме решението за кое наводно пречка беше ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно генералната политика не може да донесе реална гасификација на земјата, но барем проектот виртуелна гасификација да го намали загадувањето.

Дали со приклучувањето на институциите би станала економски исплатлива инвестиција и би се намалила цената на трошоците за користење на овој енергенс, па веројатно и домаќинствата ќе може да се приклучат.

Очигледно, загадувањето е предизвикВладата со сите најповикани и одговорни лица од регионот, да направат се што можат за да ги приклучат државните органи и општински институции на гасоводот во Струмица, како конкретно решение за вонредното големо загадување на воздухот, директно штетно по здравјето и животот на граѓаните воСтрумица и регионот“ – изјави Ефтимов.

Повеќе