Соопштение од Здрава Котлина за активности на 05.02.2019

С О О П Ш Т Е Н И Е

Драги наши почитувани соборци и подржувачи против рудникот над Иловица-Штука.

На 05. 02. 2019 год. (вторник) на плоштадот во Струмица, кај споменикот на Гоце Делчев, од 13-17 часот, ќе се собереме да запалиме свеќи во знак на сочуство за изгубените 384 животи кои згаснаа како жртви на рушењето на рударската брана во Брумадињо, Бразил.

Веста за трагедијата го обиколи светот и само уште еднаш го потврди она за кое што ние зборуваме веќе две години. Потврди дека Струмичката котлина и градот Струмица се наоѓа во голема опасност. Браната во Бразил направи голема човечка, еколошка и економска трагедија, а беше висока само 50 метри. Во Иловица треба да биде 276 метри! Треба да биде највисока во светот. Со неспоредливо поголем разурнувачки потенцијал.

За жал, тоа е само една од многуте опасности што ни’ ги носи овој проклет рудник.

Ве покануваме да ни’ се придружите за да го одбележиме овој траорен момент, но и да упатиме уште едно силно предупредување до сите наши жители дека ако дозволиме отворање на рудникот „Иловица-Штука“, вакви катастрофи лесно можат да се случат и овде.

Да го сопреме, пред да не’ сотре!

Се вели во соопштението на Здрава Котлина.

Повеќе