Петровски: Јас не гледам конкуренција во никој – ги познавам сите и им го знам беграундот

Филип Петровки, еден од кандидатите помеѓу кои ВМРО-ДПМНЕ ќе бира кандидат за Претседател на Македонија вечерва е гостин во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 каде што гостин е и Љупчо Зиков. Ние испративме писмо до Орбан и Ердоган да не се потпише овој протокол , бидејќи народот излезе и кажа дека не сака во НATO со насилно менување на Уставот“ изјави Петровски а потоа и додаде: „Јас не гледам конкуренција во никој. Ги познавам сите и им го знам беграундот на сите. Го паметам и Владимир Ѓорчев кога ја…

ВЕРСКИТЕ ПОГЛАВАРИ МУ ЧЕСТИТАА НА ЗАЕВ ЗА НАТО: Мир на небото, мир на земјата

По повод потпишувањето на протоколот за НАТО, денеска, премиерот Зоран Заев се сретна со поглаварите и претставници на верските заедници, наведени во Уставот на Република Македонија, соопшти Владата. Верските претставници, како што стои во соопштението на Фејсбук страницата на Владата, упатија честитки до премиерот Заев за потпишаниот Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО. Заеднички била изразена верба дека тоа носи траен мир за Република Македонија, партиципација за мир во светот, но ќе донесе и целосно помирување дома, помеѓу сите граѓани кои живеат во нашата земја. Од верските поглавари…

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ упати честитка за потпишувањето на протоколот за членство во НАТО

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ упати честитка за потпишувањето на протоколот за членство во НАТО. Се гордееме што гo препознавме моментот. Пред нас има уште многу предизвици, соопштија осумтемина пратеници од опозицијата што ги поддржаа уставните промени. „Се гордееме што го препознавме моментот, важноста на оваа шанса за нашата татковина, и искрено убедени ги поддржавме стабилноста и безбедноста за нашите граѓани. Пред нас има уште многу предизвици, исправено ги чекаме и кон сите реформи ќе пристапиме одговорно и целосно ќе се вложиме Македонија да биде успешна приказна на Балканот, интегрирана…

КОЛУМНА НА ЦВЕТАНОВСКИ: Кога си правиш Бајрам со мозокот и државата…!

ДЕНЕШЕН.МК Цело е кога има се’. Ама, скроз. Со сите можни глупоштини, идиотштини, антимакедонштини и останати зезалици. Оти, тоа и така, само така и никако поинаку и и’ прилега на оваа блеферска владина констелација. Следствено на матрицата им востановена, за да останат на своето, ко „дечји или ипак, амди-кола додатак“, владината фејк НАТО еуфорија ја надополни и поремети едниот и единствен кандидат за прецедник Бајрам. И ги засени славениците на „Илинденска“ бр.2. Единствените кои вчера нешто  и славеа. Искрено, па кој друг би бил подобар репрезент на северната лакрдија? Ви…

Владимир Георгиев прв на ранг листата за антикорупционер

Комисијата за селекција ја објави ранг листата на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Прворангиран со 100 бодови е кандидатот Владимир Георгиев, второрангирана со 98,17 поени е Софка Пејовска Дојчиновска, трета на листата е Катица Николовска со 94.67  бодови, по неа е Нурио Бајрами со 93,57 бодови. Петто рангирана е Билјана Ивановска со 92,14 бодови, по што следат Горан Трпеновски со 89, 29 бодови, Шемши Салаи со 89,17, Владимир Клековски и Рахамин Мизрахи со 77,86,  Ељуард Муртезани со 73,57… На ранг листата се…

Никовски: Ако има предвремени парламентарни избори, СДСМ катастрофално ќе изгуби

Мислам дека нема теоретска шанса власта да прифати предвремени парламентарни избори бидејќи ќе ги изгуби и тоа на еден катастрофален начин, а мора да има такви избори апсолутно, бидејќи се што е направено за нивниот мандат, особено околу овие капитулантски договори со Грција и Бугарија не беа во нивните предизборни ветувања, смета македонскиот дипломат и колумнист Ристо Никовски. Тој во гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија додаде дека секоја партија има обврска да ја исполни изборната програма или ветувањата кои што ги дале на граѓаните, но надвор…

Средба на Влатко Ѓорчев со Мајк Помпео

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев кој престојува во Вашингтон за Молитвениот појадок во организација на американскиот претседател Доналд Трамп оствари средба со државниот секретар на САД, Мајк Помпео. Изминативе денови, еден од претседателските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ се сретна и со Сара Сандерс, портпаролка на Доналд Трамп, пишува скопски Курир. „Денес имав можност да се сретнам со Сара Хакаби Сандерс, портпаролка на Белата куќа на претседателот на САД, Доналд Трамп. За Македонија е важно да има отворени врати во Вашингтон. Секое пријателство и средба е можност да се кажат…

СКАНДАЛ: Јовески му отвори војна на Врховен, не му се допаѓало мислењето за СЈО

Јавното обвинителство на Република Македонија ќе ги преземе за натамошна постапка предметите за кои јавниот обвинител на Специјалното јавно обвинителство ќе се огласи за ненадлежен за натамошно постапување, рече на денешната прес-конференција шефот на ЈОРМ,  Љубомир Јовески по одржаниот проширен колегиум. Ова легитимно право на јавниот обвинител, како што посочи Јовески, е засновано на членот 21, точка 7 од Законот за кривичната постапка, кој го определува јавниот обвинител како единствен тужител за сторителите на кривични дела кои се гонат по службена должност разграничувајќи го приватниот тужител како надлежен за гонење на…

Добил забрана бидеjќи сакал да испее песна за Македонија

„Судбина тешка“ е новата насловена песна на фолк пејачот Спасен Силјаноски, со која требаше да настапи на фестивалот ”Гоце Фест”. Но за жал, бил одбиен од страна на организаторот бидеќи пеел за Македонија. Во краток разговор Спасен Силјаноски за Шило изјави  дека оваа песна не е снимена за популарност туку да си го искаже она што го чуствува за нашата мила Македонија..

СЛЕДУВА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА Црквата?!

Дејмон Меквилсон од Атлантскиот совет на САД најавува дека по признавањето на Украинската православна црква од страна на Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први, следните две цркви кои ќе бидат признати како автокефални се македонската и црногорската црква. Меквилсон ја даде најавата преку социјалните мрежи, два дена откако имаше заедничко обраќање со Никола Димитров во Атлантскиот совет. Оваа организација се залага за одржување на силна американска надворешна политика низ светот и промовирање на американските интереси, и го промовира одвојувањето на земји како Украина од руската сфера на влијание. Атлантскиот совет исто така…