Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ упати честитка за потпишувањето на протоколот за членство во НАТО

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ упати честитка за потпишувањето на протоколот за членство во НАТО. Се гордееме што гo препознавме моментот. Пред нас има уште многу предизвици, соопштија осумтемина пратеници од опозицијата што ги поддржаа уставните промени.

„Се гордееме што го препознавме моментот, важноста на оваа шанса за нашата татковина, и искрено убедени ги поддржавме стабилноста и безбедноста за нашите граѓани.

Пред нас има уште многу предизвици, исправено ги чекаме и кон сите реформи ќе пристапиме одговорно и целосно ќе се вложиме Македонија да биде успешна приказна на Балканот, интегрирана и во ЕУ“, се вели во соопштението на пратеничката група.

Вчера претставниците на 29 земји членки на НАТО и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во Брисел го потпишаа Протоколот за пристапување на земјата во Алијансата.

Повеќе