Дипломирал со просек 10 – недоволно за работа во МВР

Ерблин Браими, кој лани дипломирал со просек 10 на Факултетот за безбедност, одбрана и мир, имал највисок можен просек на последниот конкурс за вработување во Министерството за внатрешни работи, но бил одбиен. Од МВР одговараат дека бодирањето на кандидатите не се врши според просекот што секој кандидат поединечно го имал и го стекнал во своето образование и не е предуслов за засновање работен однос во Министерството за внатрешни работи. Браими лани дипломирал со највисок просек на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет во Скопје на насоката мир…

Заев: Дел од Конкурсот за поделба на пари во културата ќе биде поништен

Премиерот Зоран Заев вечерва даде изјава дека дел од спорниот Конкурс за поделба на пари од Министерството за култура ќе биде поништен. -Смешно и трагично е ако ви кажам дека ниеден документ по протокол нема доставено Џез фест, а го молеа. Одлуката ќе се поништи и таа ќе биде објавена. Освен за националните институции каде што нема реакции, тоа се домовите на културата. Но за сите други апликанти, одлуката ќе биде поништена – вели премиерот Заев. Тој со ова вели дека сака да испрати порака до јавноста дека граѓаните се…

Мицкоски: Потребна ни е интеграција, еднакви можности за сите, правна држава и владеење на правото

Ми преставува особена чест и задоволство што повторно, по подолга пауза практично обновуваме едно пријателство и заедничка соработка со нашите партнери од Националниот демократски институт од Америка и што заеднички организираме еден работен престој кој што е добра прилика за размена на искуства, пренесување на знаења и втемелување на нови форми на соработка, изјави Христијан Мицкоски на отворењето на семинарот со наслов „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Националниот демократски институт. „Искрено се надевам дека ова е почетокот на едно обновено суштинско пријателство кое убеден…

Спикерот Џафери денес ги распиша претседателските избори

Собранискиот спикер Талат Џафери вечерва го потпиша решението за  распишување на шестите претседателски избори кои ќе се одржат на 21 април, како и решенијата за предвремени избори за градоначалници на општините Охрид, Ново Село и Дебар. Тие ќе бидат доставени до Државната изборна комисија. По потпишувањето Џафери изјави дека секои нови избори се можност за надградба на добиената позитивна оценка од претходните избори. Очекува избори какви, како што рече, доликуваат на европска демократска држава заради остварување на стратешките евроатлантски аспирации на државата и заради доброто на граѓаните. Апелираше до сите учесници во изборниот…

ГРЧКИ ПАРЛАМЕНТ: Со 153 „за“ и 140 „против“ ратификуван протоколот за Северна во НАТО

Со 153 гласа „за“, 140 „против“ и еден воздржан, Парламентот на Грција, денеска, по речиси  11-часовна расправа го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО, јави МИА од Атина. Грција е прва земја која го ратификува протоколот за влез на Република Северна Македонија во Алијансата.

2.600 страници за еден месец прочитал 8-годишниот Михаил

Третоодделенецот Михаил Прентоски од Скопје во декември прочитал околу 2.600 страници, или повеќе од 84 страници дневно детска литература. Тој е ученик во III-4 одделение во ОУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“, а неговите наставнички Ема Зафирова и Славица Гаврилова се најзаслужни што буквално се вљубил во читањето.Повеќе прочитајте на Деца.мк

Зоја Бузалковска даде оставка од Советот за култура

Режисерката Зоја Бузалковска со писмо до Зоран Заев, даде оставка од Советот за култура поради Годишната програма на Министерството за култура. Кога во септември 2016 година ме поканивте како експерт од културата на трибина со тема: “Кои треба да бидат итните реформи кои новата влада ќе ги преземе во првите шест месеци?”, претпоставувајќи или надевајќи се дека токму Вие ќе ја предводите новата влада, зборував во 5 точки. Таму меѓу другото реков: „Потребна е итна ревизија на Законот за култура, во насока на ослободување на институциите во културата од политичко влијание, како и донесување одлуки за уметнички прашања.…

Заев во обид да го придобие Ахмети – дали сепак е можен консензуален кандидат?

По неколкудневните остри пораки на релација Заев – Ахмети, зачинети со лоши рејтинзи на терен – особено на албанскиот владејачки фактор, денеска премиерот прави обид да ја смири топката и да го седне на маса коалициониот партнер, за да најделе заеднички кандидат за шеф на државата. Повикот на Ахмети до сите албански политички фактори да се обединат во изборот за кандидат за претседател, очигледно е предупредувачки сигнал за Заев – кој иако според рејтинзите води во мнозинските албански општини, заостанува зад ВМРО-ДПМНЕ на ниво на цела Македонија, а особено кај…

Русија е подготвена за унапредување на пријателските односи со Македонија

Отсуството на желба кај некои западни земји да ја прифатат реалноста на полицентричниот свет кој објективно се формира и обидите да ја наметнуваат својата волја, сето тоа доведува до зголемување на конфликтниот потенцијал, загрозувајќи ја безбедноста, вклучително и на нашиот европски континент. Во овие услови, Русија ќе продолжи да води независна повеќевекторска политика, насочена кон националните интереси, на зацврстување безбедноста на земјата и создавање поволни надворешни услови за нејзиниот динамичен развој. Ова денеска во своето обраќање во Битола го рече Сергеј Александрович Баздникин, вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската федерација…

Културните работници на нозе – нема пари за џез фестивалот, но има за новоформирани здруженија

Нема пари за Скопскиот џез фестивал и за Синтезис, но има пари за Џез-фест во Тетово. Министерството за култура денеска ги објави резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година по дејности и области. Меѓу оние кои добија најмногу пари годинава е здружението „Артал“ од Тетово, кое за еден концерт и еден фестивал ќе добие 3,5 милиони денари. За одржување на познатиот Џез-фестивал Куманово одобрени се само 200 илјади денари, а наспроти ова, Џез-фест Тетово добива 1,5 милиони денари. Етно-групата „Синтезис“ биле одбиени за финансиска поддршка да настапуваат…