Мицкоски: Хаосот во здравството чини човечки животи, оставки веднаш!

Здравството е пред колапс, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објавувајќи видео на својот Фејсбук профил.

„Неспособноста, негрижата и неодгoворноста на министерот Филипче и премиерот Заев ја плаќаат граѓаните.

Граѓаните ја изгубија довербата. Состојбите од ден на ден стануваат се полоши. Хаосот во здравството чини човечки животи. Граѓаните не можат да дојдат до лекови. Тендерите им се поважни од граѓаните. Понижувања на медицинските работници.

Оставка веднаш. Промени и избори на кои народот ќе одлучува“-порача Мицкоски.

Повеќе