Франција е првата земја во светот која ќе ги забрани сите пет пестициди кои ги убиваат пчелите

Франција стана првата земја во светот која ќе ги забрани сите пет пестициди кои се смета дека ги убиваат пчелите на Земјата. Феноменот наречен колапс на колониите резултира со рекордни бројки мртви пчели во светот, а научниците како виновници за тоа ги посочуваат неоникотиноидните пестициди. ЕУ прва забрана три од пестицидите и тоа: клотианидин, имидаклоприд и тиаметоксам. Сепак, Франција оди чекор понапред и ги забранува и тиаклоприд и ацетамиприд во сите земјоделски активности, вклучувајќи ги и стаклениците. Неоникотиноидите по структурата се слични на никотинот и за прв пат се појавија…

ПРЕКУ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА Власта отвора пат за истополови бракови?

Здружението на граѓани „Традиционално семејство“ бара пратениците да не ги усвојат измените на постоечкиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, пренесува Алфа. Според „Традиционално семејство“ предложените измени ќе овозможат склучување на истополови бракови, со што директно се врши упад во институцијата брак како единствена заедница помегу еден маж и една жена. Во новиот Предлог-закон не се опфатени седум точки, мегу кои и точката 6, со која нема да се смета за дискриминација уредувањето на бракот исклучиво како заедница на спротивни полови. Алфа го пренесува апелот на здружението апелираат пратениците…

Сервер: Македонија до 2024 година може да биде при крајот на процесот за зачленување во ЕУ

Политичкиот аналитичар Даниел Сервер смета дека Македонија во јуни ќе ги започне преговорите за членство во Европската Унија и за пет години ќе биде при крајот на процесот за зачленување. Сервер е професор по меѓународни студии на Универзитетот „Џон Хопкинс“ и добар познавач на работите на Балканот. – Не сум во бизнисот со предвидувања, но сметам дека најреалистично е Македонија за пет години да биде при крајот на процесот за зачленување во ЕУ, изјави Сервер за МИА. Додаде дека тоа ќе зависи многу од стабилизацијата на домашната политичка клима што…

Мојсовски: Пожарот во Идризово го подметнале затвореници кои потоа се ставени во самица

Двајца затвореници во затвореното одделение во затворот „Идризово“ изутринава подметнале пожар кој веднаш бил изгаснат од затворската полиција. Како што информираше директорот на затворот Боби Мојсовски, веднаш по пријавата на полицајците била повикана противпожарна единица, но не интервенирала бидејќи веќе огнот бил локализиран од обезбедувањето на затворот. – Затворениците беа сослушани од управата и од МВР и во моментов се издвоени во самица, рече Мојсовски. Според него, нема причинета материјална штета.

Заев: Слободни и фер избори се врвна демократска придобивка

Тековни прашања поврзани со подготовките на сите потребни услови за успешна реализација на претстојните претседателски избори и предвремени локални избори во трите општини, Дебар, Охрид и Ново Село биле тема на денешната средба на премиерот Зоран Заев со членовите на ДИК. -Владата дава принципиелна поддршка, согласно законските овластувања, да обезбеди реализација на законските потреби на Државната изборна комисија, затоа што организирани слободни и фер избори се врвна демократска придобивка, се јакне демократијата и се отстрануваат сомнежи за какви било нерегуларности, рекол Заев на средбата со членовите на ДИК. Претседателот на…

КОЛУМНА НА АНГЕЛОВСКИ: Совеста, честа и непристојниот предлог

Претпоставувам дека многумина го гледале филмот “Непристоен предлог“. Тоа е оној филм кога еден милионер му нуди на човек со финансиски проблеми еден милион долари за да помине една ноќ насамо со неговата преубава сопруга. Предлог, колку непристоен, толку примамлив, но, секако, во еден момент, вреден за размислување. Милионерот, возрасен, опитен, кој можеби овој метод го испробал и друг пат, а сопружниците млади, сиромашни, а толку желни да ги надминат финансиските проблеми и да го продолжат животот со милион долари на својата сметка. И, почнуваат сериозно да размислуваат, па дури…

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: За Македонија на Асаф Адеми, за џезот на бањатите и за кавадаречката ж’та на Оливер Спасовски!

Во Кавадарци, тоа е оној град во кој го прскаа апаратот за мерење на загаденост за да покаже дека ја нема, пред некои кафеани полицијата вршела проверка со алко тест. Се покажало дека сите се пијани. И тоа е вест за нас. Кавадарци и кафеана. И сите биле пијани. Што е чудно, нели? Оти во кафеана не се оди за да се пие. Всушност, се оди да се пие, ама по малку. По една чаша. Од тие за пиво. Додека не почне да ти лепи јазикот и додека не почне…

Почнува примената на новото име Република Северна Македонија

По добивањето на Вербалната нота со која Атина денеска ќе го информира Скопје дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, и исполнувањето на сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, почнува примената на новото име Република Северна Македонија. Во Службен весник ќе биде објавен датумот на влегување во сила на уставните амандмани и уставниот закон. Потоа, како што најави МНР, Република Северна Македонија и Република Грција ќе достават заедничко писмо до генералниот секретар на ООН, со кое го информираат генералниот секретар…

Греми 2019: Кејси Масгрејвз и Чајлдиш Гамбино со најмногу статуетки

Статија на НОВА ТВ Кантри пејачката Кејси Масгрејвс освои Греми за албум на годината со “Golden Hour”, како и наградата за најдобар кантри албум на синоќешното 61 издание на Греми, кога се доделуваат наградите на американската Академија за дискографска уметност и науки. Исто така, таа освои Греми и за најдобра кантри песна “Space Cowboy”, и за најдобра кантри изведба на песната “Butterflies”. Доналд Гловер, познат под прекарот Чајлдиш Гамбино е исто така еден од победниците на овогодшните Греми награди и тоа за надобра снимка, најдобра песна и за изведба на…

Името „Република Македонија” симнато од зградата на Владата, се прави место за „Северна”

Името на државата тргнато од зградта на Владата. Утрово ги немаше буквите „Влада на Република Македонија“ од фасадата на зградата. Синоќа е тргнато името на државата, најверојатно се прави место за „Северна Република Македонија”. Грција денеска со вербална нота треба да ја извести Република Македонија дека се поминати сите пречки за ставање на крај на деценискиот спор за името. Тоа вчера го соопшти алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА. Тој  ги појасни следните чекори откако грчкиот Парламент во петокот даде зелено…