Нула денари за Фестивалот „Пеце Атанасовски“ кој постои 45 години

Советот на Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ реагира на веста дека оваа национална манифестација што го негува изворниот мелос по 45 години ја нема во програмата на Министерството за култура за оваа година. Односно, не доби ниту денар за активностите. Според секретарот на фестивалот Златко Лашкоски, ова е шокантно и никогаш не се случило во четири и пол децении постоење на овој Фестивал, што ги негува и ги одржува изворните традиции од овие простори. Во годината кога Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“…

СИМНАТИ ЗЛАТНИТЕ БУКВИТЕ ОД ФАСАДАТА, СЕ ЧЕКА „СЕВЕРНА“

Владата повеќе не е на Република Македонија Буквите „Влада на Република Македонија“ од фасадата на зградата на Владата најверојатно ноќеска биле симнати за да се направи место за новото име на државата Република Северна Македонија. Денеска Грција со вербална нота треба да ја извести Република Македонија дека се поминати сите пречки за ставање на крај на деценискиот спор за името и почнува да важи Преспанскиот договор со кој нашата земја ќе се вика Република Северна Македонија. Следниот чекор е Република Северна Македонија и Грција да достават заедничко писмо до Генералниот…

СДК – ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ 10 ГОДИНИ НЕ МОЖЕА НИКАДЕ ДА СЕ ВРАБОТАТ, КАДЕ ДА ОДАТ ОВИЕ ЛУЃЕ, КАЖА МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИ ЗА ВРАБОТУВАЊАТА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА

Дамјан Манчевски „Денеска е чудно што било кој симпатизер на оваа власт се вработува и во јавни институции. 10 години на сите членови на СДСМ им беше забрането да се вработуваат во јавен и приватен сектор. Каде да одат овие луѓе, треба да ја напуштат државата. Сега има Антикорупциска комисија и сето она за што се смета дека е проблематично треба да се поднесе претставка и да се одлучува по неа“, кажа Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање околу вработувањата во администрацијата на луѓе блиски до владини функционери. Во прилог целата…

Десковска: Личен интегритет да покажат тие што седат во Уставниот суд

ДЕНЕШЕН.МК Во системот на заштита на човековите права и генерално грижата за уставноста и законитоста Уставниот суд несомнено има една од најзначајните улоги и мора да си ја преземе улогата на заштитник на Уставот и на уставноста, а не да биде фактор што ќе предизвикува уставни земјотреси. Тоа ги порача министерката за правда Рената Дескоска на денешната работна сесија за „Реформите во Уставниот суд поврзани со Поглавјето 23“ на третата работна група од Националната конвенција за Европската унија во Република Македонија. – За жал во Република Македонија дел од проблемите…

Столтенберг: Ширењето кон Западен Балкан ќе ја зајакне Алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека проширувањето на НАТО кон земјите од Западен Балкан ќе ја зајакне Алијансата, ќе помогне за стабилизација на регионот и ќе ги зајакне балканските држави кои ќе и се придружат на Северноатлантската алијанса. Столтенберг пред состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата, на кој првпат ќе учествува претставник од Македонија, како идна членка на НАТО, потсети на воените конфликти и злосторства што во 90-тите години од минатиот век се случуваа на територијата на Западен Балкан. – НАТО имаше клучна…

Иванов не присуствуваше на подигнувањето на знамето на НАТО

Претседателот на државата Ѓорге Иванов денеска не присуствуваше на церемонијата пред Владата по повод свеченото кревање на знамето на НАТО на јарболот. Од Кабинетот на Иванов за повеќе медиуми изјавиле дека тој не бил поканет. Но портпаролот на Владата Миле Бошњаковски вели дека поканата била испратена преку курирска служба и електронска пошта. -Поканет беше, официјално преку курирска служба и преку електронска пошта, изјави Бошњаковски. На свеченоста не дојде поранешниот премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, а присуствуваа поранешните премиери Владо Бучковски и Љубчо Георгиевски. Не присуствуваше ни лидерот на…

„ОТВОРЕНО“ СО КОРОВЕШОВСКА: Ова не е Министерство за култура, туку за некултура

На вечерашна емисија „Отворено на Алфа“ со Искра Коровешовска, гостуваа Љубиша Кировски, претседател на Сојуз на музички уметници, Сони Петровски и Сашо Тасевски. Кировски нагалси кој говореше за скандалите кои го потресоа Министерство за култура, нагласи дека во оваа држава се е можно. Веќе ништо не го изненадува. -Почеток на крајот беше наговестен веќе од минатата година. Од минатогодишниот конкурс за култура кој што излезе со прошлиот министер за култура Алаѓозовски. Кој што во најмала рака беше скандалозен, а за сегашниот е повеќе од скандалозен, нагласи Кировски. Кировски рече дека…

Словенија ќе го ратификува Пристапниот протокол за НАТО

Словенија денеска се очекува на вонредна седница во Парламентот да го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Со тоа, Словенија ќе биде втората земја-членка на Алијансата која по Грција ќе го ратификува Пристапниот протокол во НАТО. Законот за ратификација на Протоколот вчера доби зелено светло од парламентарната Комисија за надворешна политика во словенечкиот Парламент. На седницата во Државниот збор се очекува да присуствува и претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, кој престојува во официјална посета на Словенија. Според најавите од Албанија, в четврток Пристапниот протокол треба да биде…

Знамето на НАТО денеска ќе се постави пред Владата на Северна Македонија

Знамето на НАТО денеска ќе биде поставено и кренато пред зградата на македонската влада. Како што е најавено, на свечената церемонија која ќе почне во 11 часот ќе зборува премиерот Зоран Заев. Од зградата на Владата вчера веќе беше отстранет написот „Влада на Република Македонија“ откако грчкиот Парламент го ратификуваше Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО. Се испраќањето на Вербалната нота од Атина со која ќе го информира Скопје дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО и дека се исполнети сите правни услови…

Лига на шампиони: ПСЖ без Нејмар и Кавани на мегдан со Манчестер Ј.

ПСЖ ќе мора без двајца од тројцата главни играчи во вечерашниот дуел со Манчестер јунајтед, прв осминафинален во фудбалската Лига на шампиони. По Нејмар, како опција отпадна и Единсон Кавани што, секако, е непријатна вест за менаџерот Томас Тухел. Уругваецот би можел би можел да биде на располагање на германскиот менаџер за реваншот со „црвените ѓаволи“ на „Паркот на принцевите“ додека Бразилецот ќе биде гледач и во тој натпревар и прогнозите се дека би можел да биде подготвен за четврт-финале, се разбира, доколку „светците“ успеат преку англиската претставник од „Олд…