Иванов не присуствуваше на подигнувањето на знамето на НАТО

Претседателот на државата Ѓорге Иванов денеска не присуствуваше на церемонијата пред Владата по повод свеченото кревање на знамето на НАТО на јарболот.

Од Кабинетот на Иванов за повеќе медиуми изјавиле дека тој не бил поканет. Но портпаролот на Владата Миле Бошњаковски вели дека поканата била испратена преку курирска служба и електронска пошта.

-Поканет беше, официјално преку курирска служба и преку електронска пошта, изјави Бошњаковски.

На свеченоста не дојде поранешниот премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, а присуствуваа поранешните премиери Владо Бучковски и Љубчо Георгиевски. Не присуствуваше ни лидерот на ДУИ Али Ахмети, како што се вели поради многу обврски.

Повеќе