СИМНАТИ ЗЛАТНИТЕ БУКВИТЕ ОД ФАСАДАТА, СЕ ЧЕКА „СЕВЕРНА“

Владата повеќе не е на Република Македонија

Буквите „Влада на Република Македонија“ од фасадата на зградата на Владата најверојатно ноќеска биле симнати за да се направи место за новото име на државата Република Северна Македонија.

Денеска Грција со вербална нота треба да ја извести Република Македонија дека се поминати сите пречки за ставање на крај на деценискиот спор за името и почнува да важи Преспанскиот договор со кој нашата земја ќе се вика Република Северна Македонија.

Следниот чекор е Република Северна Македонија и Грција да достават заедничко писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое го информираат Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на Конечната спогодба. По ова, Република Северна Македонија на соодветен начин ги информира Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останатите меѓународни организации чија членка е, за настанатите промени. Сето ова се очекува да се случи во следните неколку дена“, велат од МНР.

Грчкиот парламент на 8 февруари го ратификуваше Пристапниот протокол за Македонија да му се приклучи на НАТО, со 153 гласа „за“ и 140 гласа „против“. Пристапниот протокол сега треба да биде ратификуван и од останатите 28 земји-членки на Алијансата, по што Македонија со новото име Северна Македонија ќе стане 30 членка.

Досега Протоколот го ратификуваа Грција и Бугарија, а во текот на денот тоа ќе го стори и Албанија.

РЕПУБЛИКА.МК

Повеќе