Манчев Ванковер – Морбили и вакцина против морбили !

Морбили и вакцина против морбили !
Антивакциналното глобално движење
“успеа” да ни ги покаже последиците од својата кампања и да не врати години наназад !
Нивните блогери и оние кои потпаднаа под нивно влијание со хистерија презентираа манипулации и навреди !
Како докторите да немаат сопствени деца,
како тие родители што ги вакцинираат своите деца ги сакаат помалку од другите !?! Ако тие “антиваксери” решиле да ги одбијат општествените и морални принципи и со тоа нивните деца да ги подложат на ризик, нека се групираат меѓу нив ! Со таквите ставови и дејствувања,
ризикуваме да ни се вратат и други искоренети, а смртоносни болести !

ЦелтаНаПостов ми е како доктор

кој работи со деца, да ги повикам сите родители да ги слушаат препораките на докторите, пред се имунолози и епидемиолози, да ги вакцинираат своите деца, зашто само така може да имаме колективна придобивка !
Го подржувам министерството за здравство оваа настаната ситуација
заедно да ја надминеме, за да ги спасиме децата и нашата иднина !
Но не можам да го разберам,
напротив со силна критика кон
Министерот Венко Филипче кој
обвинува дека оваа ситуација со епидемија на морбили ( до сега 230 заразени, а 3 починати деца ) е резултат на негрижата од владеењето на ВМРО ДПМНЕ и претходниот министер Тодоров !
Па министерот Филипче лично беше советник на Тодоров ! И не поминува
тезата дека советувал само во областа на хирургијата ! Ако како доктор хирург му донесат пациент без дишење, со мозочно крвавење, ќе го оперира ли ???
Така е и во целокупниот систем за здравство, не може да давате совети за терциерно здравство, ако мислите дека
Не функционира примарното !
Не може да градите кров на куќа, ако нема темели !
Министерот Филипче, иако во неколку наврати напомена дека вакцините отсекогаш биле со највисок квалитет и по сите ЕУ стандарди, како прв човек во
Министерството за здравство
застана зад билбордите пред референдумот ( пред 4 месеци )
со кои се повикуваше да се гласа ЗА
за да добиеме поквалитетни вакцини и бесплатно здравство !
Не можам да разберам како ВМРО ДПМНЕ
има вина во новонастанатата ситуација !
Нека покажат само еден прес или изјава,
било каква постапка која насочува кон
Негирање на имунизацијата !
Па во време на ВМРО ДПМНЕ се воведоа
поливалентните вакцини !
Напротив, сега назначени функционери,
за кои лично министерот ставил потпис,
тогаш изјавуваа за неквалитетни вакцини и последиците од вакцините !
И продолжуваат со истиот наратив, парафразирам : пимина времето кога бевме во мрачниот тунел, сега родителите може да се спокојни за нивните деца !
20 МЕСЕЦИ СДСМ е на власт !
Министерството за здравство
Имаше доволно време,
Ако имало пропусти
Да ги корегира !
Самите ветуваа итни мерки
доколку дојдат на власт !
Напротив, сета оваа ситуација настана
поради нивното неумешно и популистичко владеење !
Па слушнете го Проф. Жарко Караџовски

  • епидемиолог ( началник назначен од министерот Филипче ) во неговата изјава од вчера ! Падот на имунизацијата е опаднат во последните три години,
    популистичките изјави дека се задоволни
    од до сега направените мерки,
    со ново вакцинирани 5900 деца во Скопје и вкупно 9000 во Македонија,
    се недоволни и алармантни, бидејќи тоа е само помалку од 40 % од вкупниот број невакцинирани деца до сега !

ПочитуваниКОЛЕГИиРОДИТЕЛИ,

мора да ги надминеме обвинувањата,
сите заедно да работиме на зголемување на процентот на имунизацијата,
за важноста истото да биде над 95 % и
за бенефитите од тоа !
Сите заедно, искрено да помогнеме,
без популизам и
без ни најмала недоверба !

Статус на Пратеник Ванковер Манчев

Повеќе