ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ КАРПАЛАК: Се преврте автобус полн со патници

Автобус пол со патници попладнево се истумба во близина на месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово.

Според првичните информации, на повеќе медиуми, има и повредени патници. На лице место се упатени и противпожарни екипи да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.

Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел, објави Канал 5.

ТВ 21 објави дека автобусот од Скопје возел за Гостивар, а неофицијално дознава дека возачот во текот на возењето добил инфаркт, и дека тоа е причината за излетувањето од патот.

Акцијата за помош на повредените е во тек.

Повеќе