За многу години Св. Трифун

Свети Трифун се роди од благочестиви родители во Фригија во селото Кампсада, недалеку од градот Апамеја. Уште како мало дете, преблагиот Бог благоволи во него да ја всели благодатта на Својот Свет Дух и да му подари дар на чудотворство. И светото дете Трифун исцелуваше од секакви болести и изгонуваше демони од луѓето.

Св. Трифун, од младост на Бога посветен, откако многу луѓе приведе кон Христа и безброј болни исцели, и бидејќи големи маки поднесе за Вистината, беше овенчан со вечен венец од Отецот и Синот и Светиот Дух, единиот во Троичниот Бог, на Него слава во вечни векови, амин!
По молитвите на Светиот маченик Трифун, Господи Исусе Христе, Сине Божји помилуј и спаси не.

АМИН!

Повеќе