Сочувство до семејствата на загинатите: Познат идентитетот на повредените во ужасната сообраќајка

Македонија е завиена во црно, откако страшна несреќа која според последните информации однесе 14 животи се случи денеска околу 17 часот.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, соопшти дека сите патници во автобусот кој падна во бездна, а потоа се преврте, се од Гостивар. Автобусот патувал од Скопје за Гостивар, а се преврте во близина кај Карпалак.

Пред Градската болница „8 Септември“ собрани се стотици членови од семејствата, роднини и пријатели на повредените и загинатите од денешната автобуска несреќа што се случи на автопатот Скопје – Тетово. Тешко доаѓаат до информации, чекаат било каква информација за здравствената состојба на повредените.

Директорот на градската болница „8ми Септември“ ги соопшти имињата на повредените кои се хоспитализирани.

Станува збор за 32 повредени лица од кои четворица се во критична состојба и се на интензивна нега, сите други се во добра состојба во траума одделот, соопшти директорот Христијан Костов.

Никола Kаранфиловски, Мерсем Незири, Есад Емрули, Јасмина Стојанова, Амети Бетим, Антонио Антониевски, Алајдин Шабани, Душан Стефановски, Љујзим Далипи, Мануил Трифуновски, Мухамед Шишко Ѓузим, Верица Сојанвовска, Серије Мустафи, Аличе Узеир, Горан Наумовски, Демира Али, Седа Јусуфи, Јетон Исмаили, Вјлоца Ибраими, Халид Усеини, Мичи Фекири, Јасин Сејфули, Фикрие Стефан, Јована Граматникова, Абаз Касами Ферди, Илија Ристовски Дилала Алили, Абдул Исмаили, Лујан Алили

Министерот за здравство Венко Филипче од Градската општа болница „8 Септември“ вечерва замина на Институтот за судска медицина каде треба да бидат идентификувани лицата што починаа во тешката сообраќајка кај Карпалак

Повеќе