Штип: Повик за „шарена уметничка револуција“ на фасадата на Домот на млади

Штипскиот Дом на млади ќе ја враќа старата фасада со графити, што пред пет години беше префарбана во розова боја. Директорот на Дом на млади-Штип, Горан Трајков, вели дека распишале конкрус, на кој млади уметници ќе се јават со идејни решенија, а проектот се реализира под наслов „Нашиот дом“. – Домот на млади распишува повик за избор на седум авторски цртежи. Повикот е отворен за домашнитe ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност. Идејата е во склоп на еден од најзначајните објекти, градот под Исарот, да се интегрира првата галерија на отворено,…

Иванов, Силјановска и Мицкоски низ Охрид

По вчерашниот избор на Гордана Силјановска како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседател на државата, денеска низ центарот на Охрид беа снимени сегашниот претседател Ѓорги Иванов, идниот, според аспирациите на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска и претседателот на партијата Христијан Мицкоски. Вчера, по изборот, Силјановска истакна дека влегува во борба со „Заевизмот“ како психолошка матрица која треба да се победи.

Во сообраќајна несреќа во Германија, загина пејачот Шабан Шаулиќ

НОВА ТВ Во сообраќајна несреќа во Германија, загина еден од најпознатите пејачи на народна музика на Балканот Шабан Шаулиќ. Веста ја објави српските медиуми.Според сознанијата на Блиц, несреќата се случила во градот Билефелд, во северозападниот дел на Германија

КОЛУМНА НА МАНЕВ: Закон со европско знаменце кој може да не спаси од канибали како Заев

Пред десетина дена, по идеја на власта, беше остранета железната ограда од пред Владата по што како духови останаа само белите столбови. Иницијаторите на овој срамен и глупав потег ни велат дека рушењето на столбовите ќе чинело многу пари, додека за сечењето на железната ограда немало да трошат средства од граѓаните туку ќе нашле од друго место. Можеби Заев ќе извади од сопствениот џеб неколку талира, иако тоа просто да не веруваш! Потоа следуваше вадење на буквите од името на институцијата Влада на Република Македонија, нели сме го промениле името…

„Златна мечка“ за филмот „Синоними“

Филмот „Синоними“ на израелскиот режисер Надав Лапид ја доби „Златната мечка“ за најдобар филм на 69. меѓународен филмски фестивал во Берлин. Со „Сребрена мечка“ во категоријата за најдобра режија е наградена германската глумица и режисерка Ангела Шанелец за филмот „I was at home, but“. „Сребрена мечка“ за најдобар глумец доби кинескит актер Ванг Јунгчун за улогата во филмот „So long, my son“, а во категоријата најдобра глумица „Сребрената мечка“ и припадна на кинеската глумица Јонг Меи за улогата во истиот филм. Наградата Гран при од жирито му е доделена на…

Најчевска: Нема ни случајно да гласам на следните избори, макар тоа да значи и враќање на Груевски

ФОКУС Професорката Мирјана Најчевска ги коментира серијата вработувања во државните институции на лица кои се роднини или деца на високи функционери. Во врска со синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, кој бил вработен во ЕЛЕМ, Најчевска вели дека не е прашање дали ги исполнувал условите во конкурсот, туку прашањето е зошто да биде вработен баш синот на пратеничката. „Доколку имало еден единствен кандидат, кој на еднакво ниво ги исполнувал условите, требало да биде избран тој кандидат, а доколку имало некој кој во нешто (макар и најмалото нешто) бил подобар,…

БРИТАНСКИ ИСТОРИЧАР: Тоа што им се прави на Македонците е чист расизам

Др. Марко Атила Хоаре, британскиот историчар од Универзитетот Кингстон, во серијата преписки на Твитер со многумина грчки историчари но и обични граѓани, ја прогласи за расистичка идеата да не му се признава правото на еден народ за самоидентификација. „Грчкото политичко малтертирање на Македонија во ЕУ, влече корени од отворената предрасуда дека само грците можат да се идентификуваат како македонци. Што доколку црнец сака да се идентификува како Македонец? Тие тоа сигурно не би го прифатиле. Тоа е чист расизам“ вели во еден од своите статуси на Твитер историчарот Хоаре. „Идентификацијата…

Ивица Тодоров – Довербата обединува! Вистината ослободува!

Честитки до професорката д-р Гордана Силјановска Давкова за храброста и одлучноста во ова пресудно историско време за македонската држава и народ да прифати да се кандидира за претседателка на Македонија! Таа е рационален избор! Настрана сега емоции, неаргументирани и нереални очекувања, заслуги, мажествености, силни зборови! Според мене, во моментот на македонската држава и треба крајно РАЦИОНАЛЕН претседател, и тоа легалист! А професорката д-р Гордана Силјановска Давкова е баш таква! Исто така, затоа што бев запрашан од еден мој круг на пријатели и познаници, тврдам дека следните претседателски избори, од рационални,…