За Зоран Заев, Силјановска не е прифатлива за да биде консензуален кандидат

Премиерот Зоран Заев смета дека професорката Гордана Силјановска Давкова која е кандидат за претседател од ВМРО ДПМНЕ е надвор од концептот едно општество за сите.

– Силјановска не е прифатлива за консензуален кандидат. Таа е надвор од секој можен концепт за огромно мнозинство граѓани. Не даде во ниту еден сегмент поддршка на тоа што цел свет го поддржува и огромно мнозинство на граѓани го подрржуваат. Македонија исчекори со квантен скок напред, отидовме во исполнување на нашите децениски аспирации. Ние денеска сме земја каде што секоја недела се ратификува протоколот за НАТО, ние сме земја којашто извесно е преговарач со ЕУ. Таа е надвор од актуелниот концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните. Јас имам почит, ја почитувам професорката, но таа е сосема спротивно од концептот што оваа Влада и мнозинството граѓани го развиваат во Македонија, па и од концептот едно општество за сите – изјави премиерот Заев.

Изјавата на Заев доаѓа како одговор на ставот на Силјановска даден по Конвенцијата дека е подготвена да биде заеднички кандидат доколку одговора на профилот за консензуален претседател.

НОВА ТВ

Повеќе