Над пола милион еврa исплатени за патни трошоци на пратениците, Мира Дизел веднаш зад Рабаџиевска земале по 1000 евра месечно

Над 525 илјади евра биле исплатени за патни трошоци на пратениците во Собранието минатата година, покажува анализата на „Макфакс“ од податоците до кои дојдоа користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Анализата покажува дека донесувањето на законските измени со кои беше намален надоместокот за користење личен автомобил за службени цели влијаело при намалувањето на патните трошоци, но сепак на голем дел од пратениците сè уште им се исплатуваат по илјада евра месечно за да одат на работа до Собранието, а потоа да се вратат дома во градовите…

ОЈО: Истражна постапка против пет лица за Крвавиот четврток

Основното јавно обвинителство донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. -Наодите од предистражната постапка укажуваат дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на…

Чудо во Сребреница: Станот изгоре а иконите останаа недопрени од пожарот

Од пожарот станот е уништен, а на пелосаниот ѕид недопрени останаа иконите на Јован Крстител, Исус Христос, Богородица и други… Изгореа гредите, плафонот се сруши, изгорел целиот намештај како и целата покуќнина. Остана само пепел и прашина на сите страни, а недопрени од пожарот останаа само иконите на ѕидот. Кога се вративме во станот, све беше во пепел, све оклу нас беше црно, све изгорело освен иконите кои што останаа недопрени од пожарот. Како да немало воопшто и пожар во станот. Застанавме пред иконите се крстивме и еднинствено знаевме дека…

Приведен Трајко ВЕЉАНОВСКИ за „27 април“?!

Неофицијално, приведен е поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски. Приведувањето е извршено по повод настаните од „27 април“ и процесот што обвинителката Вилма Рускоска го води во врска со ова. Засега на ниво на шпекулација е дека е приведен и поранепниот министер за образование Спиро Ристовски. Вчера, еден од обвинитите во овој процес го имаа својот завршен збор. Меѓу нив и Горан Ангелов, Игор Југ, Игор Дурловски итн. ДЕНЕШЕН.МК

Владата ќе ги анализира укажувањата за влијанието на објектите за игри на среќа врз младите

Премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска примија делегација на Движењето анти коцкање од Тетово. Од владината прес служба информираат дека претставниците на Движењето анти коцкање, поттикнати од грижата за младите и од близината на објектите за игри на среќа, доставија барања според кои обложувалниците и казината треба да бидат дислоцирани од непосредната близина на образовните институции и станбените живеалишта, како и да се обезбеди начин со кој дел од приходите на објектите за игри на среќа би се намениле за поддршка на програмите на локалните заедници…

УБК ќе излезе од МВР и ќе биде АНБ

Владата на вчерашната седница го усвои Предлог-законот за Агенција за национална безбедност, со што ќе овозможи реформирање на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и нема повеќе да биде орган во состав на МВР. Со Предлог-законот се предлага основање Агенција за национална безбедност како модел за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во земјава. Портпаролот на владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција информира дека се разгледувани три модели и тоа УБК да остане во рамки на МВР, да се издвои како самостоен орган или да се фузира со постоечката Агенција за разузнавање.…

Заев и Димитров нема да одговараат за велепредавство

Скопското обвинитлство ја отфрли кривичната пријава на Светскиот македонски конгрес поднесена против премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров за велепредавство. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел решение со кое се  отфрла кривичната пријава која беше поднесена од Светскиот македонски конгрес на 14 септември минатата година против Заев и Димитров за повеќе кривични дела – ,,повреда на угледот на државата, излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците, велепредавство, загрозување на независноста, здружување заради непријателска дејност, несовесно вршење на службата и самовластие.…

КОЛУМНА НА МАРТИНА АНТИЌ: Предизборно лудило

Мартина Антиќ Започна предизборното лудило во Македонија. Она што е евидентно од овие први денови е дека ќе имаме една интересна кампања во која едните ќе не убедуваат зошто треба да се гласа за консензуален кандидат, другите зошто треба да се поддржи професорката Силјановска како натпартиски човек и третите зошто треба да се бојкотира, сето тоа зачинето со многу навреди и ниски удари кои барем засега се кршат на грбот на Силјановска од страна на двата табори (консензуалистите и бојкотирачите). Немајќи аргументи за нејзиното професионално искуство, елоквентност и ерудиција, првата…

Бугарија го ратификуваше протоколот за во НАТО на Македонија

Со денешната ратификација на Протоколот за НАТО во бугарскиот Парламент ја покажавме решеноста да продолжиме да ги решаваме проблемите во регионот и да се грижиме за колективната безбедност, не само во нашиот регион, туку и во цела Европа, изјави претседателката на Собранието на Бугарија Цвета Карајанчева, по средбата во Софија со претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, откако Парламентот во Софија го ратификувашеПротоколот за членство на нашата земја во НАТО. Таа меѓу другото истакна дека Софија и Скопје можат да се гордеат со потпишаниот договор за пријателство и добрососедство,…

На денешен ден пред 111 год. загинува МАНУШ ГЕОРГИЕВ ТУРНОВСКИ (МАНУШ ВОЈВОДА)

МАНУШ ГЕОРГИЕВ ТУРНОВСКИ (МАНУШ ВОЈВОДА) На денешен ден пред 111 години, 20 фебруари 1908 (7 фебруари по стар стил), во битка со турскиот аскер кај селото Долна Рибница, Петричко, Пиринска Македонија, загинува војводата Мануш Георгиев, познат меѓу народот како Мануш Турновски. Роден е на 23 август 1881 година во струмичкото село Турново. Детството го поминува во Ново Село. Завршува прогимназија во Струмица, а потоа продолжува со школување во педагошкото училиште во Сер, каде веднаш започнува со револуционерна дејност и е раководител на ученичкиот револуционерен кружок. Во 1903 година е исклучен…