ТАСЕВСКИ ЗА ПРЕСУДАТА ПРОТИВ ЈАНКУЛОВСКА: Не може да некој да се осуди само на основа на снимки и без други докази

Во тек е јавна расправа во Апелација по жалбата на пресудата за поранешниот министер за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за „Тенк“. Бранителите на Јанкулоска бараат Апелацискиот суд да ги уважи нивните жалби и предметот „Тенк“ да го вратат на повторно судење.

-Направени се премногу битни повреди во оваа постапка. Почнувајќи од тоа како само се донесе Законот за СЈО, без јавни дебати, без фази во кои ќе се вклучи и стручната фела, сега Судот е ставен во ситуација да ги трпи сите тие последици од тој Закон, вели адвокатот Боро Тасевски во својата жалба. Според него повреден е и членот 415, исто така и одредбата 32 од деловникот според која судијата, советниците и судиите-поротници требаше да бидат изземени од предметот, бидејќи тие судии веќе јавно изјавиле став по предметот „Тенк“.
Исто така прекршен е и Законот за заштита на приватноста.

-Новиот Закон веќе бил на сила на 30-ти декември 2015 година, кога политичката партија СДСМ ги предала незаконски прислушувани на СЈО, тврди Тасевски.
Тој смета дека не може да се донесе пресуда која што се заснова само на 8 аудио снимки и никакви други докази. Обвинетата има право на барање за вештачење на автентичноста на материјалите, но и тоа не било овозможено од страна на судот.

Се читаа доказите во судницата и тоа само насловите од документи кои се копии а не оригинали, пишува во жалбата на адвокатот.

Исто така, вештачењето е направено од странска подружница, која што не е регистрирана во Централниот регистар и нејзин управител е Димитар Бузлевски – висок функционер во СДСМ. Вештачењето го извршиле повторно лица блиски до политичкиот опонент на обвинетата Јанкуловска и тоа без лиценца, која им била истечена во времето на вештачењето. А на одбраната не и било овозможено да присуствува на истото, со што се кршат принципите на еднаквост на оружјата и правото на правична одбрана.

Повеќе