Амбасадорот Бејли се заблагодари, доаѓа Бирнс

Американскиот амбасадор Џес Бејли на заминување од функцијата преку Твитер се заблагодари за гостопримството. „Благодарам Северна Македонија за вашето гостопримство, пријателство и љубезност. До следно видување – се гледаме!“, напиша Бејли на Твитер. Тој беше амбасадор во земјата од 2014. По заминувањето од Скопје, Бејли објави дека ќе се пензионира од работата во Стејт департментот по 34 години работен стаж. На местото на Бејли американскиотпретседател Доналд Трамп ја номинираше Кејт Мери Бирнс. Таа во Скопје доаѓа од позицијата заменик-шеф на мисија во амбасадата на САД во Грција.

„Фокус“ ја откри бизнис империјата на Заеви

Официјалните податоци што ги обезбеди „Фокус“ покажуваат дека членови на семејството на премиерот Зоран Заев и лицата што може да се сретнат како нивни партнери, заеднички или самостојно поседуваат триесетина компании, формирани од 1994 година до денес, кои главно делуваат во градежниот бизнис, но се занимаваат и со транспорт, малопродажба, трговија… Како што пишува „Фокус“, негови блиски роднини, како и нивните формални деловни партнери, се сопственици, косопственици и акционери во над 20 компании со седиште во Струмица, главно формирани во 2009 година, како и во годините потоа се до денес,…

Струмичанка од „адвокат“ била ограбена 26.900 евра, а штипјанка од „американски војник“ само 7.000

Струмичанка била измамена од лажен адвокат и и биле земени 26.900 евра, а друга жена од Штип од „пријател на Фејсбук“ кој се претставувал како американски војник била оштетена за околу 7.000 евра. Во СВР Струмица, вчера Б.Д. (61) од Село Баница пријавила кривични дела „измама“ и „лажно претставување“. Според пријавеното, во 2015 година била измамена за 26.900 евра од К.Л. (31) од Скопје, кој престојувал во Струмица, а кој и се претставил како адвокат и ја убедувал дека ќе и обезбеди документација и земјоделско земјиште, како и плацеви во непосредна…

Заев: Фаворити за претседател ни се Спасовски, Шекеринска, Димитров, Пендаровски, Филипов и Селмани

Премиерот Зоран Заев попладнево пред партискиот состанок, на кој се разгледуваат фаворитите за претседателски кандидат изјави дека имаат одлична листа на разгледување на фаворити и дека верува дека повеќе личности од таа листа може да бидат идниот претседател на државата. – Поминува Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски, Никола Димитров, Ѓорѓи Филипов, Имер Селмани, поминуваат и други личности. Јас сум демократ човек, јас секако ќе влијаам на овие одлуки ако претходно било што соопштам рано. Сите анализи им се достапни  на оние што одлучуваат, сите, буквално сите анализи  и верувам…

МИЦКОСКИ СО ЕВРОПРАТЕНИЦИ: ЕУ не е приоритет на Владата на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во Скопје, во канцеларијата на претставништвото на Европската Унија остварија работен ручек со европратениците Едуард Кукан, Кнут Фленкенштајн и средба со европратениците Кристијан Дан Преда, Илхан Коучук и евроамбасадорот Самоил Жбогар, известуваат од партијата. На средбата Мицкоски ја потенцирал лошата политичка и економска состојба и доцнењето со исполнување на обврските од евроагендата. Мицкоски истакнал и дека власта наметнува недемократски амбиент и поделеност на општеството служејќи се со притисоци и прогон врз опозицијата и неистомислениците и во такви…

(видео) ИНТЕРВЈУ НА ГРУЕВСКИ ЗА РАИ: Случајот за кој бев осуден е фабрикуван и фалсификуван

Поранешниот премиер на Република Македонија и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски даде интервју за италијанската национална телевизија РАИ. Тој објаснува пошироко за прогонот што го доживеа: – За случајот за кој бев осуден е фабрикуван и фалсификуван, објаснува експремиерот Груевски, кој доби политички азил во Унгарија. Ви го пренесуваме прилогот на италијанската ТВ во целост, титлуван на македонски јазик.