„Еликсир на бесмртноста“ откриен во кинеска гробница

Жолтеникава течност пронајдена во кинеска гробница се верува дека е „еликсир на бесмртноста“. Пиејќи ја оваа течност, благородниците мислеле дека ќе ги направи бесмртни, а била пронајдена во близина на Луојанг минатионт октомври, пренесува „Њујорк пост“. Археолозите првин претпоставувале дека течноста стара две илјади години е вино од ориз. Но, резултатите од лабораториското испитување покажале дека станува збор за калиум нитрат и алунит – состојки кои се верувало дека даваат вечен живот.

Предлог – законот зa урбанистичко планирање оди во Собрание

Владата на денешната седница го утврди Предлог – законот зa урбанистичко планирање со кој се предлага на подобар и поефикасен начин да се уреди системот на просторното и урбанистичкото планирање, целите и начелата на планирањето и уредувањето на просторот, видовите и содржината на урбанистичките планови, условите за вршење на работите од областа на урбанистичкото планирање и постапките за изработување, донесување и спроведување на урбанистичките планови заради социјалната, економската и еколошката одржливост на човечките населби. На седницата е усвоена и Информацијата за ставање во функција на новиот Систем за обработка на…

Утврден реформскиот пакет предлог закони за Јавно обвинителство

Владата на Република Македонија на денешната 124 редовна седница, на предлог на Министерството за правда, го утврди текстот на Предлог- законот за Јавно обвинителство, и донесе одлука да го достави до Собранието на Република Северна Македонија на усвојување. Главна цел на донесувањето на овој закон е зајакнување на професионалноста и одговорноста на јавните обвинители. Значајна одредба од предлог законот е инкорпорирањето на Специјалното јавно обвинителство во системот на јавното обвинителство, согласно Стратегијата за реформа на правосудниот сектор. На оваа седница Владата го утврди и текстот на Предлог – законот за…

Македонци со „упатство за употреба“

Во процесот на имплементација на спогодбата, и во Македонија, и во Грција, идентитетската дефиниција на Македонците беше расчленета на „составни делови“, од што произлезе дека државјанството и етничката припадност секогаш не се подразбираат и не се совпаѓаат. Дури и ако е афирмиран македонскиот идентитет, очигледно е дека тој треба да се применува со упатство за ограничена географска и историска употреба Откако ќе се случат работите, се чини дека е помалку важно дали се случиле предвреме, навреме или задоцнето, зашто пост фестум како предизвик остануваат соочувањето и менаџирањето со последиците. Иако…

Некои македонски патриоти имаат прецизна мисла – (Солун, февруари 1874 год.)

ПЕТКО РАЧЕВ СЛАВЕЈКОВ: НЕКОИ МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТИ ИМААТ ПРЕЦИЗНА МИСЛА: “МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ БУГАРИ” И УПОРНО НАСТОЈУВААТ ДА СЕ ЗДОБИЈАТ СО СВОЈА ОДДЕЛНА ЦРКВА И ГО ИСТАКНУВААТ МЕСНОТО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕ КАКО ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК Ваше Блаженство, “Во Солун пристигнасв ба 14-ти минатиот месец  вечета. Веднаш успеав да се сретнам со сите поважни месни и некои други лица од другие македонски градови. Целта ми беше што поскоро да го раберам она што ќе ми биде неопходно да ја завршам успешно мисијата што ми ја доверивте. Најнапред се сретнав со Аверкиј Зографски (калуѓер од…

Повик на жените, мајките, бранителките за пристапување во Македонскиот Народноослободителен Фронт!

Македонскиот Народноослободителен Фронт ги повикува сите субјекти и поединци да застанеме заедно со својот Македонски народ и потписниците на сите Барања, Петиции, Декларацијата со црвените линии на Македонскиот народ, во еден заеднички ШИРОК Македонски ФРОНТ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА! Пристапувањето/приклучувањето во МНФ е овозожено по електронски пат, преку страницата: https://www.facebook.com/mnfront/photos/pcb.263271211286867/263270744620247/?type=3&theater како и со давање лични писмени Изјави и потпишување во тетратки на МНФ ( со самоорганизирање, за што ќе нè известите), за тие кои немаат можност да пристапат и да комуницираат по електронски пат. Ве молиме, потврдете го вашето пристапување, како поединец…

Владата го усвои законот за СЈО, Заев се надева на консензус, опозицијата бара лидерска

Владата го усвои новото законско решение за СЈО, на ред е Собранието. Премиерот Заев очекува да се обединат и пратениците, а во следниот период најавува преговори со сите помали и поголеми опозициски партии. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ засега нема конкретен став дали ќе го подддржи новиот законот за обвинителството на Јанева, бидејќи се уште ја немаат видено содржината. Опозициската партија бара лидерска средба за решавање на сите отворени прашања, вклучувајќи ја и иднината на СЈО. Поддршка за новото законско решение најавуваат и пратениците на СДСМ и ДУИ. Од БЕСА велат…

Ново министерство ќе го замени Секретаријатот за Рамковен

Генералниот секретаријат за Рамковен договор ќе  биде трансформиран  во министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Информацијата денеска ја потврди вицепремиерот за европски прашања, објаснувајќи дека со законот за јазици комплетно е реализиран рамковниот договор и дека во таква ситуација, Секретаријатот кој на хартија го водеше Хазби Лика нема веќе причина да постои. Во ова тело на Владата вработени се 1700 административци меѓу кои има и такви кои никогаш не дошле на работа. Вицепремиерот Хазби Лика беше критикувамн дека  неговото присуство на владините седници е вистинска реткост -Нема да…

Струмица: Мајка фрлила новороденче во јамата на полско ве-це

19 годишна девојка  од струмичко село се породила дома, а потоа најверојатно го оставила бебето. Неофицијално,  новороденчето е пронајдено во јама од полско ве це. Од полицијата го потврдија случајот,  но не соопштија детали како и каде било најдено мртвото бебе. Се  истражува  дали се работи за несреќа или чедоморство. Случајот бил откриен кога  19 годишната  девојка побарала лекарска помош во струмичката болница. Откако била хоспитализирана  и прегледана девојката лекарот констатирал дека таа претходно се породила по што случајот го пријавил во полиција. Веднаш по пријавувањето  бил извршен е преглед…

Дали да се гласа?!?!

Еден од подегутантните политички периоди кај нас беа изминативе години, како религиозно искуство. Религиозно? Па, во смисла ако се потсетиш што се случуваше, почнуваш да се крстиш. Нејсе. Една од гадотиите не беше само од политчките елити, туку и од оние кои самопрогласено почнаа да прозиваат други, дали искачаш на протест, зошто не, за кого ќе гласаш, дали ќе гласаш, дали си гласал, ако гласаш предавник, ако не гласаш анти-НАТО, анти-ЕУ и секакви можни етикети се лепат кој каде стигне – кому стигне и се’ со само една цел – некој да говори за туѓо…