Украина ги укина визите за Северна Македонија

Претседател Петро Порошенко потпишал за привремено воведување на безвизен режим за влез и транзит низ Украина за граѓаните на Северна Македонија, дознава ТВ21. “Во периодот од 16 март 2019 година до 15 март 2020 година се воведува безвизен режим за Украина и транзит низ територијата на Украина за граѓаните на Република Северна Македонија, ако нивниот престој во Украина не надминува 90 дена во рок од 180 дена”, се вели во документот. Оваа одлука треба да донесе подобрување на пријателството меѓу Украина и Република Северна Македонија како и интензивирање на билатералните контакти…

И гранката на власта : Службен весник повеќе нема да ги објавува указите на Иванов

“Службен весник“ веќе нема да ги објавува указите и решенијата на претседателот на државата Ѓорге Иванов, бидејќи го нема сменето називот од претседател на Република Македонија во претседател на Република С… Македонија. Владата, министерствата, владините агенции веќе се заведени во Централниот регистар со новите имиња кои во вторникот ги објави Владата поради уставните измени.

Мицкоски: Ќе предложиме намалување на ДДВ-то од 18 на 16 проценти

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Отвореното студио на телевизија Алфа посочи дека повратот на ДДВ кој го ветува Зоран Заев ќе биде уште една лага на власта. Имено тој истакна дека има многу подобро решение кое ќе го предложи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи намалување на ДДВ-то од 18 на 16 проценти за дел од производите и од 5 на 4 на останатите. На овој начин граѓаните ќе ја заштедат сумата од 500-тини евра на годишно ниво која ја ветуваше Заев.…

СДСМ: На 9 март марш за 8 Март

Традиционален марш по повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, што го организира Форумот на жени на СДСМ, ќе се одржи утре на 9 март во Скопје. Како што соопштуваат од Форумот на жени, на маршот ќе се обратат претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски, координаторката на Форумот на Жени на СДСМ, Цветанка Ласкова и Мија Јаворник од Партијата на европски социјалисти (ПЕС жени).  Денеска, големи протестни собири и маршеви на жени, по повод Осми март, се одржаа во Шпанија, Белгија и…

Шекеринска: Хомосeксуалците се добредојдени во нашата армија

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која деновиве е во работна посета на Вашингтон, во изјава за МИА рече дека една од главните цели на посетата е „да го држиме вниманието на нашата земја и на регионот во фокус”. Министерката исто така изјави дека македонската армија се стреми кон поголема застапеност на жените во воена служба, следејќи ги трендовите во западните армии како онаа на САД каде нема дискриминација за лицата од ЛГБТ заедницата. -Кога лани се објави конкурсот за прием во Воената академија, околу половина од кадетите, што се идни…

Ина Василевска: Сега е последната битка! Станете, да се ослободиме!

Сега е последната битка. Тука нема простор за повеќе од она што е пред нас. Или ќе не биде или нема да постоиме. Застанете до своите, до вистината, дозволете да се бориме за она што е поголемо од нас самите. За Македонија, за својот род. Станете, да се ослободиме!

ОСМОМАРТОВСКА КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Чарли Чаплин, последната паричка и 8 Март (ВИДЕО)

Чарли Чаплин е бездомник. Случајно запознава убава, слепа девојка која заработува продавајќи цвеќиња на улица. Играта на судбината е таква што таа помислува дека тој е богаташ и се обидува да му продаде цвет. Чаплин отпрвин не сфаќа, но потоа увидува дека е слепа, дека го заменила со друга, непозната личност, но сега веќе не може да се повлече. Таа седи на бетонска подлога од железна ограда, цветот паѓа, тој се наведува да го земе да и го врати, го препознава нејзиното слепило и само во дел од секундата му…

Почнува промената на парите: Првите банкноти со новото име ќе бидат од 50 и 100 денари

Банкнотите со новото име на државава, Република Северна Македонија, веќе ќе се печатат сукцесивно од следната година, а старите ќе имаат важност од пет години. Според одлуки објавени во Службен весник потпишани од гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска, банкнотите од 10 и 50 денари ќе го добијат новото име на Народната банка. Во одлуката пишува: „Народна банка на Република Македонија“, се заменува со зборовите „Народна банка на Република Северна Македонија“. Банкнотите со новото име на државава, Република Северна Македонија, веќе ќе се печатат сукцесивно од следната година, а старите ќе имаат важност…

ПРЕСУДА ЗА „ТИТАНИК“: Три години затвор за Сашо Мијалков

Три години затвор за поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков. Судечкиот совет, составен од судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани и тројца поротници, ги осуди на казна затвор од 3 години и два месеца лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, на казна затвор од 4 години и 6 месеци. Поранешните членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска добија на казни од 3 години за незаконското поништување на гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година поради политичко влијание. „Никој…

Спроти 8. март во Струмица: Свекор нападнал снаа, која паднала и тешко е повредена

По вербална расправија меѓу нејзиниот сопруг и нејзиниот свекор, В.П. од селото Чанаклија, Општина Василево, вчера била физички нападната од свекорот по што паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди, соопштија денес од СВР Струмица. Свекорот А.П. (68), полицијата го лишила од слобода и е задржан во Полициската станица во Струмица. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.