СДСМ: На 9 март марш за 8 Март

Традиционален марш по повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, што го организира Форумот на жени на СДСМ, ќе се одржи утре на 9 март во Скопје.

Како што соопштуваат од Форумот на жени, на маршот ќе се обратат претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски, координаторката на Форумот на Жени на СДСМ, Цветанка Ласкова и Мија Јаворник од Партијата на европски социјалисти (ПЕС жени). 

Денеска, големи протестни собири и маршеви на жени, по повод Осми март, се одржаа во Шпанија, Белгија и во повеќе други европски градови.

Повеќе