Николов: Димитров ти се продаде на Грците а јас се борам за Македонија

Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права со порака до министерот Никола Димитров кој изјавил дека македонскиот јазик во Македонија не е ист со тој што го зборат Македонците во Грција. “Антимакедонецот Никола Димитров повторно ги предаде Македонците од Егејска Македонија. Никола, бидејќи се криеш од мене, еве што имам да ти кажам. Има само еден вид Македонци – етнички Македонци. Твоите корени се во Егејот, како и моите. Ти се продаде на Грците. Јас се борам, му напиша Николов на Димитров кој се уште молчи откако грчката колешка…

Коснет: Косово е заглавено поради корупцијата и кршењето на човековите права

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово Филип Коснет изјави дека земјата е „заглавена од корупцијата, нападите врз новинарите, протерувањето на странски државјани без редовен судски процес, насилството над малцинствата“, јави дописникот на МИА од Приштина. Коментарот што Коснет го објави на својот Твитер уследи по објавувањето на извештајот на американскиот Стејт департмент за состојбата со човековите права во 2018 година, во кој како главни проблеми во Косово се наведуваат „насилоното враќање на бегалците или барателите на азил, ендемската корупција во власта, насилството и насилните закани врз новинарите и нападите…

Димитров: Чувстувувам тенденција Преспанскиот договор да се внесе во води во кои тој не навлегува

Чувстувувам и таму и тука тенденција Договорот да се внесе во води во кој тој не навлегува, во малцински прашања. Има напад врз него во Грција дека тој отвора малцински прашања, и има напад овде кај нас, дека тој на некој начин одбегнува такви прашања. Договорот убаво вели дека за тие деликатни прашања нема да се мешаме во внатрешните работи, изјави Никола Димитров министер за надворешни работи. ТВ СИТЕЛ

Заев: Медијацијата решава спорови, гради култура на право и ја намалува конфликтноста во општеството

Владата на Република Северна Македонија и Комората на медијаторите на Република Северна Македонија денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се утврдени начелата за взаемни активности во областа на алтернативно решавање на спорови со медијација, како и за соработка и заеднички активности за поддршка, унапредување, практицирање, промовирање, јакнење и развој на медијацијата во државата. Како што соопштија од владината прес-служба, во име на Владата меморандумот го потпиша премиерот Зоран Заев, а во име на Комората на медијаторите, нејзиниот претседател Славе Младеновски. По потпишувањето на Меморандумот за соработка премиерот Заев истакна…

Странските компании во земјава очекуваат промени во судството кои ќе гарантираат владеење на правото

Странските компании во земјава кои помагаа за придвижување на домашната економија  бараат законите да не бидат само на хартија туку да почнат да се  применуваат во пракса.  Очекуваат во судството да има сериозни промени и оваа инситуција да гарантира владеење на правото, вели евроамбасадоор Жбогар. Жбогар ги слушна  барањата на бизниз заедницата. Меѓу нивните приоритети е остранување на сите  бариери  за формирање на единствена регионална економска област за шесте држави од Западен Балкан каде функционираат преку 22 милиони фирми. Целта на бизнис секторот е  македонскиот БДП да е приближно колку…

ЈАЗИК, ПИСМО И НЕПИСМЕНОСТ: Важно соопштение за (не)работењето на македонски факултет

Имавме професорски, па студентски, па ученички пленуми и на крај укинување на екстерното тестирање. Сето тоа беше во функција за „уривање на режимот“ и „за автономија на универзитетите“. И ете денес нема екстерно, нема режим, нема пленуми… А еве прочитајте што добивме. Важно соопштение на јазик и писмо кои личат на македонскиот, но кое воопшто не личи да биде истакнато на факултет од македонските универзитети. И не е битен македонскиот факултет, на кој со ваква (не)писменост се информираат академските граѓани.    

Ќерка на озлогласен нацист почина на 80-годишна возраст, погребана во неозначен гроб

Кумашинката на Адолф Хитлер, закопана е во неозначен гроб откако почина на 80-годишна возраст. Еда Геринг беше ќерка на Херман Геринг, кој беше заменик на германскиот диктатор, јавува Independent. Херман Геринг кој беше заменик на Хитлер, одигра клучна улога во нацистичкиот режим, воспоставувајќи ја страшната Гестапова тајна полиција. Иако умрела во декември, за нејзината смрт се дозна вчера. Старицата е закопана на гробиштата во Минхен. Точната положба на нејзиниот гроб не се знае. Еда Геринг е родена 1938 година, една година пред почетокот на Втората светска војна. Откако нацистите се…

Притвор за сопственикот и за раководителот на „Дурмо турс“

Судија на претходна постапка вечерва му одреди притвор на сопственикот на „Дурмо турс“, како првоосомничен за автобуската несреќа кај Ласкарци. Како што информираат од Кривичниот суд, притвор доби и раководителот на фирмата кој е второосомничен, додека на третоосомничениот, едно од лицата одговорни за технички преглед, му е одредена мерка куќен притвор. За четвртоосомниченото лице, исто така одговорно во „Дурмо турс“ за технички преглед, се прифатени бараните мерки на претпазливост од ОЈО, а за другите тројца, меѓу кои и возачот, постапката во Судот се уште трае. Јавниот обвинител од ОЈО – Скопје Сашо Рајчев…

Триесетдневен притвор за Тони Јакимовски

На Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинет на екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков, Судот вечерва му одреди 30-дневен притвор. Притвор од 30 дена доби и Стево Маџовски, додека на Кристина Јосифовска и е определена мерка на претпазливост. Тројцата се товарат за злоупотреба на службената положба од 2007 до 2017 година, како вработени во УБК. -Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство заради основано сомнение дека ја злоупотребиле службената положба и овластување, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје,…

(видео) ЗАЕВ ЗА НЕГОВИТЕ ЖЕЛЕЗНИ ОПИНЦИ: Подготвени се, а и сега сме со над 500 евра плата

Правната држава се враќа во Република Северна Македонија и го доживува светлото на денот, изјави премиерот Зоран Заев во Само вистина на ТВ Канал 5. – Јас сум првиот од борците кој се бореше за враќање на правната држава. Ние блескаме и насекаде во светот сме со пријатели. Железни опинци ќе облечам и 500 евра плата е достижно, рече Заев. На прашањето дали се спремни железните опинци одговара: – Спрмени се и на тоа работиме. Ако ги даваат легално, ние сме над 500 евра просечна плата, кажа премиерот Заев. А…