Странските компании во земјава очекуваат промени во судството кои ќе гарантираат владеење на правото


Странските компании во земјава кои помагаа за придвижување на домашната економија  бараат законите да не бидат само на хартија туку да почнат да се  применуваат во пракса.  Очекуваат во судството да има сериозни промени и оваа инситуција да гарантира владеење на правото, вели евроамбасадоор Жбогар.

Жбогар ги слушна  барањата на бизниз заедницата. Меѓу нивните приоритети е остранување на сите  бариери  за формирање на единствена регионална економска област за шесте држави од Западен Балкан каде функционираат преку 22 милиони фирми.

Целта на бизнис секторот е  македонскиот БДП да е приближно колку просечлниот економски раст на сотанатите земји од соседството.


СИТЕЛ ТВ

Повеќе