Во Ослободена Македонија в Затвор ќе Бидат Корумпираните “Елити” а Хероите на Слобода и во Учебниците!


За никогаш да не се повтори вакво предавство и распад #БојкотирамПИ, Окупација, Нелегитимни Институции, Корумпирани Политички Врхушки до Нивен Пад и Избор на Неизвалканни Никому Должни Нови Сили за Враќање на Македонија на Македонците!

МАКЕДОНЦИ судени и осудени на 211 години затвор поради фактот што бескрајно си ја сакаат државата Македонија. Со тоа само докажавте и покажевте дека државата е укината во сите основи – ТЕРОРИСТИТЕ СЕ НА СЛОБОДА А ПОЛИТИЧАРИТЕ АМНЕСТИРАНИ! Затоа никој да не верува повеќе во политика и политичари во Р. Македонија затоа што политичарите и од СДС и од ДПНЕ ги искористија браќата и поради нив тие гниеја и ќе гнијат по затвори. 

Ниеден од нив не се откажа ни од народот ни од државата ни од пријателите ни од семејствата ниту Македонија ќе се откаже од нив! Корумпираните елити ќе паднат а хероите на слобода и во учебници на историја!

Јане Ченто во завршните зборови рече:

Не се плашам од затвор.
Вие не осудивте, ама историјата ќе не ослободи.
Еден ден ќе огрее и сонцето на слободата.

Да живее Република Македонија

„Да живее Република Македонија“, извикаа и обвинетите во знак на поддршка на Ченто.


 

Повеќе