Силјановска: Во 1925-та во Грција беше отпечатен „Абецедар“ за учење на македонскиот јазик

Кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова вели дека е шокантна изјавата на портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, дека од другата страна на границата, каде што се знае дека има многу Македонци, требала да одлучи на кој јазик зборуваат.

„Неверојатно нешто, како да има покрај македонскиот јазик некој друг јазик.

И сега јас се прашувам ако во 1925-тата година е отпечатен „Абецедарот“ и тој може, ако не сте го виделе да го купите во „Матица“, 150 денари е, ќе видите дека се што сте учеле и јас што сум учела во прво одделение од „мама меси, Мима носи“, сето тоа е јасно дека е македонскиот јазик.

Сигурно не зборувале со говор на телото, луѓето таму и сигурно „Виножито“ кога ја доби пресудата во Стразбур јасно беше дека тоа беше врзано за правото на формирање на сопствена партија но исто така и за јазикот.

И сега сите сме збунети кој е тој друг јазик што има континуитет и врска со Античка Македонија, ама не е македонски јазик, што ќе рече не бил јужнословенски јазик. Жива сум заинтересирана да откриеме“ рече Силјановска на синоќешната средба со граѓани на Дојран.

Повеќе