Во Москва отворена Фондација за поддршка на руско-македонските односи

На 20 март 2019 година во Москва се одржа свечено отворање на Фондацијата за поддршка на руско-македонските односи („Фонд РМ“). На отворањето присуствуваа вонредниот и ополномоштен амбасадор на Македонија во Руската Федерација Гоце Карајанов, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Македонија во 2006-2011 година В. Д. Солоцински, претставници на Советот на Федерацијата на РФ, Министерството за надворешни работи на РФ,  фондот „Руски мир“, Фондот за поддршка на јавната дипломатија „А. М. Горчаков“, Балканскиот клуб при МГИМО, како и на општествено-научните кругови и бизнис-заедницата на Русија. Настанот беше отворен…

ИЗВЕШТАЈ НА ОН: Македонците се најнесреќна нација од земјите во бивша СФРЈ и во регионот

Република Македонија се наоѓа на 84-то место на светската ранг-листа за среќа, со која се опфатени 156 земји во светов, според извештајот на Обединетите нации(World Happiness Report 2019). Меѓу земјите од бившата СФРЈ, најсреќни се Словенците, чија земја е на 44-то место, потоа следува Црна Гора (73), Хрватска (75) и БиХ (78). Од останатите земји во регионот најсреќни се Романците, чија земја е 48-ма, потоа Грција (82), Бугарија (97) и Албанија (107). Втора година по ред, Финска го држи првото место, а на последно е Јужен Судан. Обединетите нации во…

Советот на Европа ја притиска Тирана за малцинствата, но не и Атина

Советот на Европа побара од Албанија да го почитува начелото на слободно изразување на националните малцинства на пописот во 2020 година. Советот на Европа апелира Албанија да почне со спроведување на донесените закони во тој правец и бара од властите да престанат да се повикуваат единствено на архивски податоци и на оние од матичната евиденција во врска со верификација на лицата како припадници на одредено национално малцинство. Советот ја повикува Албанија, изјаснувањето за националната и верската припадност на пописот до година да биде задолжително. Уште пред почетокот на последниот попис…

8 години намалена казната затвор за убиецот на младиот охриѓанец Матилоски

Од 16 на 8 години затвор е намалена казната за српскиот државјанин Бојан Угреновиќ, кој за време на новогодишниот дочек на 2016 година во Охрид, до смрт го претепа 26-годишниот Димитар Матилоски од Охрид. Оваа пресуда беше донесена денеска во битолскиот Апелационен суд, кој ја првичната одлука на охридскиот Основен суд. Угреновиќ, пак, сè уште е недостапен за органите, година и пол откако охридскиот Основен суд донесе решение да му се суди во отсуство и одреди мерки на претпазливост лицето да не ја напушта Македонија, одземајќи му ја патната исправа. Србинот…

Уставобранителите се Македонски Икони на Рамниште на Че Гевара, Јан Хус, Гарибалди, Боливар – Ливрински Блог!

Минатата недела во петокот се обзнани пресудата на новите македонски икони, на нашите уставобранители. Исто како во 1948 година, кога Македонции како Методија Андонов – Ченто, Панко Брашнаров и останатите беа судени, после резолуцијата на Информбирото, а всушност беа бранители на Македонскиот народ и Македонската држава, тие тогаш се залага за обединување на македонскиот народ и македонската држава и за нејзина поголема самостојност во однос на југословенската федерација. И сега како историјата да се повторува. Уставобранителите кои се судени под лажна клевета за тероризам, исто како 1948, судени како информбировците,…