Заев не сакаше да слушне дека Македонците се борат за своите правдини

На Македонија и треба хероина, честит човек, човек со достоинство, човек кој ќе биде заштитник на уставот и законите и човек кој искрено го сака народот и државата. Тоа е Гордана Силјановска Давкова, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вечерашната трибина во Ресен. -И покрај сите притисоци, закани и уцени, бидејќи тие се кукавици кои знаат само да закануваат и уценуваат. Не знаат очи во очи да се погледнеме и со аргументи да разговараме. А кога во ретки случаи ќе се погледнеме, брутално, недостоинствено се понижуваат себеси, земјата и…

Силјановска Давкова: Помирување без народ нема, помирувањето не е чин на двајца премиери

Чест ми  е да ве поздравам во олку голем број, иако одејќи по пазарите срцето ме боли кога ја гледам цената на јаболката, една од најскапите овошја во Светот, кај нас 10, 15 денари. Е тоа е реформската власа, економски ориентираната влада, заборави на ветувањата. Баба ми ми велеше дека има едно цвеќе, расте во копачијата, таму од каде што е моето потекло, се вика срамниче или срам. Велеше дека некогаш сите зрнца биле бели и само едно во средина црно потсетувало на срамот, ама кога исчезнал срамот сето станало…

Јанушев: Пендаровски е олицетворение на негативните процеси за Македонија, а Силјановска угледен професор

Климата во државава е јасна, граѓаните се разочарани, а Стево Пендаровски е препознатлив по негативните политики. Оттука Пендаровски воопшто не го гледам како фаворите на овие избори, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија 24. Според анкетите кои ги прави партијата Силјановска е во предност. -Огромен рејтинг има и Река и тоа мора да се земе во предвид, сигурно и СДСМ го знае, но не очекувам да го каже, рече Јанушев. Јанушев посочи дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е голема, како што голема и меѓу кандидатите…

Заева ја прошета партнерката на Ципрас по скопското Кале

Партнерката на грчкиот премиер Алексис Ципрас, Бети Базиана денеска додека траеше Економскиот форум уживаше во прошетка на скопското Кале во придружба на сопругата на македонскиот премиер, Зорица Заева. -Топло добредојде и за драгата Бети. Убав ден за пријателства, за срдечна дружба со Зорица, интересни разговори и за разгледување на градот на солидарноста. Прекрасно попладне, полно со оптимизам и ведрина, беше објавено на официјалната Фејсбук страница на премиерот Заев. Извор: Нова Македонија

“МЛАДИ ЗА МАКЕДОНИЈА” ОБЈАВУВА МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА

Скопје, 2 април 2019 г. Во пресрет на претседателските избори, како одговор на тиранската платформа и нелегалната промена на нашето име, движењето “Млади за Македонија” објави македонски платформа со конкретни барања од претседателските кандидати и македонските политички партии. Македонската платформа содржи 60тина политички, економски и образовни барања кои се движат почнувајќи од платена студентска пракса и намалување на платата на пратениците на ниво на минималната плата, па се до укинување на Преспанскиот договор и одвојување на 8% од БДП за капитални инвестиции и поддршка на старт-ап компании основани од младите.…

Гимназијалците од Струмица најдобри економисти на Балканот – севкупни победници на 11 тата ,,Економијада”

Тимот на СОУ ,,Јане Сандански”  од Струмица составен од ученичките Анета Манева и Теодора Дузлеска под менторство  на професорот Борис Атанасов се севкупни победници на 11 тата балканска Економијада што се одржа во Струмица. Во конкуренција на тимови од повеќе економски училишта од Србија, Црна Гора, Босна, Хрватска и Словенија, тандемот Манева и Дузлеска од струмичката гимназија покажаа најмногу знаења во сите шест области каде се натпреваруваа Целата статија можете да ја прочитате ТУКА фото:drnka.mk    

Грција ќе се грижи за безбедноста на македонското небо

Стабилноста на регионот е цената што треба да и ја плати Северна Македонија на Грција за надзорот на безбедноста на македонскиот воздушен простор, кој согласно она што беше договорено на денешниот состанот на Високиот совет за соработка, ќе го прави Атина за Скопје. Имено денеска во рамки на состанокот на Советот, беа потпишани повеќе меморандуми за соработка, а еден од нив и меѓу министерствата за одбрана, согласно кој Грција ќе врши надзор на безбедноста на воздушниот простор над Северна Македонија. Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска на заедничката прес-конференција со премиерот…

Сé уште нема договор за Законот за јавно обвинителство

И денешната четврта по ред средба меѓу работните групи на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство со што треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство, заврши без договор. Министерката за правда Рената Дескоска посочи дека на средбата било разговарано за две клучни теми: за статусот на СЈО и во делот што се однесува за почнатите постапки и во делот за употребата на доказите, за што смета дека е клучниот камен на сопнување. – Во делот што се однесува на другите прашања може да се констатира…

Бизнис форум Македонија-Грција: Да се искористат можностите за позасилена економска соработка

Од стагнација во меѓусебните односи, двете земји сега може да соработуваат, да ги искористат можностите и да се отстранат пречките за позасилена економска соработка. Денес е историски ден, што ќе се памети во двете држави. Грција е влезна точка, а Македонија е транзитна точка на сите иницијативи и проекти и затоа мора да се искористат можностите од Преспанскиот договор. Ова го посочија премиерите на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во поздравните обраќања на Бизнис форумот  Македонија-Грција што се одржува попладнево во Скопје. – Ова е…

Спасување на Македонија преку воспитување на нејзините деца

Ова е колумна во два поврзани дела. Придружете ми се. Во понеделник, 1 април, почнува кампањата за избор на следниот Претседател на Република Македонија. Првиот круг на гласањето е на 21 април, а вториот на 5 мај. Има тројца кандидати: Гордана Силјановска – Давкова, која ја претставува центристичко-десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ; Стево Пендаровски (кој се кандидираше за претседател во 2014 и загуби), кој го претставува Зоран Заев, неговата СДСМ партија и партијата ДУИ на Али Ахмети и Блерим Река – кандидат на двете мали албанско-македонски партии Алијансата на Албанците и на…