ВМРО-ДПМНЕ во недела пред струмичани ќе го промовира претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова

Во недела во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ ќе го промовира претседателскиот кандидат за претстојните Претседателски избори, кои ќе се одржат на 21 април, Гордана Силјановска Давкова.

„Општинскиот комитет преку активна работа на теренот помеѓу своите сограѓани го бележи незадоволството и несигурноста што го креира власта и има силна меморија за проблемите, но и за храброста на членовите и сограѓаните да истраеме до крај за да создадеме промени. Првиот чин на делегитимирање на власта на СДСМ се актуелните Претседателски избори. На 21-ви април народот масовно ќе го заокружи бројот 2 за претседателката Гордана Силјановска Давкова и воден од идејата за честита Македонија храбро и одлучно ќе го попречи СДСМ да создаде апсолутна власт и да ја урниса институцијата претседател по примерот со националните и локални институции“ – кажа во денешното обраќање претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Александар Донев, кој ги повика струмичани во недела, 7-ми април од 20:00 часот да дојдат на предизборниот митинг, кој ќе се одржи на влезот од големиот Градски парк, кај споменикот на Благој Јанков Мучето.

„Во име на Општинскиот комитет ги поканувам сограѓаните на таа средба на која треба да се земе нов завет пред генерацииите дека со чиста свест, со целата енергија правиме и ќе правиме се што е потребно за да создадеме промени“ – додаде Донев.

На митингот свое обраќање ќе имат претседателскиот кандидат, Гордана Силјановска Давкова и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Видео:Струмица Нет

Повеќе