Заев се плаши да слуша дека „Денес над Македонија се раѓа“ и дека „Македонците се борат за своите правдини“ Струмица (фото)

Неправда е кога ќе ветуваат владеење на правото, ама ќе заборават тие истите на Мирчо свињарникот и на евро за Вице и евро за црквата, неправда е кога ќе заборават на жицата во која се колнеа дека нема да го сменат идентитетот, а првата работа што ја направија беше тоа, за пусти пари.
Неправда е да не се постави македонската гарда и да не се интонира македонската химна, и притоа да се лаже сопствениот народ, најпрво дека немало време заради доцнење на авионот, за после да признаат дека Зоран Заев не сакал да му направи проблем на неговиот пријател Ципрас во Грција.
Конечно вистината е неприкосновена, а таа дека тој се плаши да слуша дека „Денес над Македонија се раѓа“ и дека „Македонците се борат за своите правдини“

Напиша Мицкоски после митингот во Струмица.

Повеќе