Јанушев: Неправилностите во првите десет дена од кампањата се резултат на заевизмот

Активисти спречени да дојдат на митингот во Охрид, во најмала рака некоректно однесување на активисти на СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за претседател, се само дел од одликите во првите десеттина дена од почетокот на кампањата за претседателските избори, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на Изборниот штаб, гостувајќи на Македонската радио-телевизија, МРТ заедно со Александар Кирацовски од СДСМ, кој за претседтелските избори е шеф на Изборниот штаб на СДСМ. На инсинуациите на Кирацовски дека ВМРО-ДПМНЕ бара алиби за да се бојкотира вториот круг на изборите, Јанушев…

Мицкоски: Ќе го вратиме македонизмот во Република Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Македонски Брод. Мицкоски пред присутните потенцираше дека и покрај сите притисоци од оваа непринципиелна влада, од овој деспот којшто денеска ја води оваа влада , тој во Македонски Брод гледа победници кои се мотивирани и храбри кој ќе  победат на престојните претседателски избори. Победата на претседателските избори е прв чекор. Вториот чекор е веднаш потоа победа на парламентарните избори и потоа следува третиот чекор, а тоа е нова влада  на чело со ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра…

Македонец избран за најубаво дете во светот

Минатата недела во Банско, Бугарија, се одржа детскиот избор за убавина, „Little Miss&Mister Galaxy 2019“, на кој во неговата возрасна категорија победи осумгодишниот Садат Јакупи, кој ја претставуваше нашата држава. Овој голем успех тој го зачини со уште една титула „Top Model Galaxy 2019“. Малиот Садат е член на Модното студио Црнокрак и заедно со неговите родители и со Мики Црнокрак претстојуваа седум дена во Банско каде со другите учесници од многу држави од целиот свет се подготвуваа за големото финале. На изборот и Мики Црнокрак доби титула за најдобар…

Лавров: Измамничко беше прашањето на референдумот за промена на името на Македонија

Веќе зборував дека, за жал, НАТО својата смисла на постоење ја гледа исклучиво во сопирањето на Руската Федерација – вели министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во интервјуто за „Московски комсомолец” на прашањето за тоа како приклучувањето на Црна Гора и Македонија кон НАТО ѝ се заканува на руската национална безбедност. Кога почнаа Црна Гора и Македонија да ги влечат во НАТО без јасна основа, „без пардон” ја искористија ситуацијата со името на Македонија. Го одржаа референдумот со најгрубо кршење на Уставот, кој во Македонија налага на референдумот…

Егзодус на македонските доктори: За 3 месеци 83-ца лекари побарале потврди за работа во странство

Наместо во земјата, младите доктори успеваат во странство, анализира ТВ Сител. 32 годишниот Борче Николовски од Демир Капија, со години работи како кардиолог во бугарска болница и преку интернет гласање од пациенти е избран меѓу петте најдобри лекари. Тој е само еден од илјадниците здравствени работници кои иднината ја побараа надвор од границите на Македонија. Одделот за дијагностика на кардиоваскуларните болести го основал со уште еден свој колега сонародник, а вели дека има огромен број на македонски лекари кои работат и се успешни во Бугарија. Но, дали искуството ќе го пренесе…

СДСМ ЌЕ ЛЕГАЛИЗИРА ДИВОГPAДБА: СДСМ во замена за гласови лобира за изградба на минарето и дивогpaдбата кај чинарот во Охрид

СДСМ дозволува незakoнска изградба на дивоградбата кај чинарот и на 32 метарското минаре во Охрид во замена за поддршка од ДУИ за нивниот кандидат за градоначалник. На фотографијата која пристигна до нашата редакција може да се забележи кандидатот за градоначалник на СДСМ, Костадин Георгиевски како присуствува на настан за поддршка на незakoнската изградба на 32 метарското минаре во Охрид, организиран од Советот на Општина Охрид, Нефи Усеини, од ДУИ, а на кој обраќање имал и лидерот а ДУИ, Али Ахмети. Токму советникот на ДУИ, Усеини е инвеститор на дивогpaдбата во…

ПЕНДАРОВСКИ ПАК ФАТЕН ВО ЛАГА: Заборави на апсењето на Стевчо Јакимовски

Во Отвореното студио на телевизија Алфа , Пендаровски изјави дека во Македонија има човекови слободи и права кои се почитуваат и според него во Република Македонија нема политички 3атвореници. Не може лидер на политичка партија во монтирани политички случаи да биде 3атворен и да зборуваме за демократија. Нема политички монтирани случаи. Нема ниту еден лидер кој е апcен затоа што на премиерот не му бил по ќеиф. Пендаровски изгледа го заборави апcењето на Стевче Јакимовски во март оваа година пред почетокот на изборната кампања, кој е лидер на опозициската партија…

Неопходно е да се даде приоритет на квалитетно образование во раното детство

Во  Македонија каде што речиси 41.000 деца, околу 61 отсто од децата на предучилишна возраст (од 3 до 6 години), не посетуваат предучилишно образование, Владата се посвети на реформи за подобрување на пристапот и квалитетот на предучилишното образование. Ова е наведено во новиот глобален извештај на УНИЦЕФ, каде се нагласува дека 176 милиони деца во светот на предучилишна возраст не посетуваат предучилишно образование. УНИЦЕФ ги повикува владите од целиот свет да ги зголемат инвестициите за да обезбедат најдобар почеток во животот за секое дете. Во извештајот се наведува дека е…