ШТО ПИШУВА ВО ЕДЕН НЕКРОЛОГ ЗА ЈАНЕ САНДАНСКИ: Вие, војници за слободата на македонскиот народ…

НЕКРОЛОГ Знаменитиот пирински херој, творецот на Пиринската тајна школа, водачот на бившиот Серски револуционерен округ во царството на султанот Ј А Н Е   С А Н Д А Н С К И не е веќе меѓу живите. Куршумот на предавничката рака, рожба на крадливиот патриотизам, го пронижа гордото чело на херојот великан, во тајната месност на Пирин, „Баба“, на 10 април. Маченици, чеда на поделена Македонија, Граѓани на онеправдана Бугарија и вие неуморни војници за слободата на потиснатиот македонски народ, саканото чедо на Пирин, загина. Заплачете вие граѓани на Серско,…

Македонските лавови со голеада го покосија Исланд на домашен терен

Македонската ракометна репрезентација стигна до вториот триумф на квалификациите за Европското првенство идната година. Вистинска голеада вечерва во Исланд, која Македонија ја доби со 33:34 (17:17 на полувремето). Во двете селекции играа само нападите, а одбраните на голманите беа во втор план. Иако Исланд на почетокот водеше и со 4 гола разлика, Македонија благодарение најмногу на головите на Гоце Ѓорѓиевски се врати, а потоа се играше гол за гол. Одлични беа Талески и Стоилов, а Манасков од линијата за седмерец беше прецизен во сите обиди. Во последните 10 секунди при…

АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: Заев ќе одговара за притисоците за пратениците за случајот „27 април“

-Многу побрзо од што мисли, Зоран Заев ќе одговара за начинот на кој ги уценуваше пратениците да гласаат за промена на уставот, преку обвиненијата за случајот „27 април“ – порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неговото вечерашно гостување во емисијата „Јади Бурек“ на Телевизија Сонце. Во однос на случајот „27 април“, Николоски истакна дека за него тоа е очигледно монтиран случај и со самото тоа што со него се уценуваа пратеници, се потврдува дека е монтиран. -Од 5 пратеници кои беа обвинети, двајца не гласаа за промена на уставот,…

Иванов се активира пред истекот на мандатот: Нинџа, Чавков и останатите од „27 април“ излегуваат на слобода?

Кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов официјално не открива кои од 16 – те осудени за крвавиот 27 – ми април поднеле барање за помилување адресирано лично до шефот на државата. Официјално од вилата на Водно има само потврда дека молби за милост пристигнале на нивна адреса. Алсат контактираше со дел од адвокатите на осудените. Поголем дел од нив објаснија дека барањата за помилувања ги испратиле семејствата на осудениците. Но, официјално помилување за Александар Василевски – Нинџа и Душко Лазаров, побарал адвокатот Ѕвонко Давидовиќ. Освен преку него, во нивно име пратиле…

Власта се уште се влече на успешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во економијата

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на Фејсбук објава на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Економските политики на СДСМ се целосен дебакл. Власта се уште се влече на успешните политики  на ВМРО-ДПМНЕ во економијата. Дека економијата е дно доказ е и добиената нула од страна на германските партнери. Скоро 80% од сумата што СДСМ ја нарекува СДИ е реинвестирана добивка на фирмите кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ги донесе во државата. Граѓаните не гледаат придобивка од розевите бројки на власта, граѓаните се уште се невработени, а…

Оригиналниот „Абецедар“ е во Скопје – Пожарот не ја изгоре вистината

Вангел Ајановски-Оче, познат македонски револуционер, му го подарил букварот на Архивот на Македонија пред триесетина години Во Република Македонија има само еден зачуван примерок од оригиналното издание на „Абецедар“, првиот буквар за македонските деца отпечатен пред 81 година во Грција. Книгата се чува во посебно депо во Архивот на Македонија и најверојатно тој примерок е еден од трите зачувани при уништувањето на целиот тираж во 1925 година. Учебникот е зачуван благодарение на грижата на Вангел Ајановски-Оче, познат македонски револуционер од Егејска Македонија, кој му го подарил букварот на Архивот пред…

Мицкоски: Од мене како политичар нема да слушнете име различно од Република Македонија

Мицкоски: Од мене како политичар нема да слушнете име на нашата држава различно од Република Македонија   Гостин во емисијата 200-та на Алсат М вечерва беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мицкоски истакна дека доколку Зоран Заев би сакал да ги знае чекорите и програмите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на Преспанскиот Договор, треба да се осмели и да распише предвремени избори. Тој рече дека доколку ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори излезе со програма во која ќе вети дека доколку победи ќе му бидат неопходни 80 пратеника и му е потребно…

На денешен ден: Во 1915 г. бил убиен Јане Сандански во близина на Роженскиот манастир

1915. – Патувајќи од Мелник за Неврокоп, во близина на Роженскиот манастир, Јане Сандански бил убиен од врховистички наемници. Статија: „Идеологија, погледи и организациски способности на Јане Сандански“. Сандански, по потекло од Пиринска Македонија, им припаѓаше на таканаречените словеногласни Македонци. Тој тврдеше дека како што се ослободија од турскиот јарем грчката нација, српската и бугарската, дојде часот да се ослободи и македонската нација. За да Македонија стане цела и сосем независна држава, Сандански проповедаше дека сите жители, без исклучок, не се ниту Бугари, ниту Грци ниту Куцовласи, макар и да зборуваат…

АВМУ: Владата постапува контра насоките од ЕУ за регулирањето на медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) порачува дека Владата не ги почитува препораките на Брисел за независноста на регулаторот за медиуми како реакција на вчерашната одлука на Владата, да даде негативно мислење за Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година и да побара нејзино ревидирање. -Агенцијата е непријатно изненадена од вчерашната одлука на Владата, да даде негативно мислење за Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година и да побара нејзино…