Во Април ќе Собираме Коприви Пред Големото Чистење и во Вашингтон и во Скопје – Мирка ВЕЛИНОВСКА

Проф. Д-р Љубомир Цуцуловски во овој историски миг е најкредибилниот и најавтентичниот глас на разумот во Република Македонија кој веќе ни ги даде  одговорите на прашањето дали да излеземе на претстојните избори. Преку два искази.

Првиот за да не’ просветли како филозоф и да ни укаже дека хаосот кој е синоним за водовриеж, демек неред, беспоредок и безумие, всушност има свои цврсто утврдени закони на дејствување и вториот, сврзан со дилемата дали да се оди на гласање кое го организира инсталиран квислиншки апаратус на непостојна, нелегална државна дивоградба. Цуцуловски се разбира не им се обраќаше за да ги просветли дегените од македонската владеачка и ѓоа опозициска политичка елита. Тие се генетски модифицирана куротресина која не може да биде ништо друго освен крдо корисни и калемени идиоти. Му се обрати на шашардисаниот македонски народ, на секој нормален жител на Македонија што е буквално емотивно столчен заради настаните на кои е сведок.

Вели: Во хаосот надежта лежи во закнот КОЛКУ Е ПОЛОШО – ТОЛКУ ПОДОБРО. Цуцуловски драги мои е единствениот автентичен македонски филозоф, односно мислител кој суштински ги објаснува работите што не’ збунуваат. Нема потреба да се повикува на авторитетот на Хегел, Кант, Аристотел. Доволно е што не’ потсети на дијалектиката содржана и во народната мудрост дека секое лошо е за добро.

И на Бакуњин, родоначалникот на анархизмот и на уметникот Казимир Малјевич кој во триесетите години на 20 век преку бело платно обесено на ѕид на галерија громогласно впечатливо му објави на човештвото дека постојната вредносна
парадигма дегенерира (умира) и нужно ќе се создаде нова витална. За да воспоставиме функционална хармонија мора да минеме низ хаосот и тоа така што да помогнеме да се урнат сите институционални градби кои се изгниени од секакви инсталирани вируси и се тотално запоседнати од човечки шљам и шкарт.

Со други зборови, на постојната македонска институционална структура и нема спас. Ниту може ниту треба козметички да се поправа. Со разно-разни ненормални и луди интервенции на безодговорни инфантилци преку божемни рамковни, мајски, пржински и преспански договори, финансирани од дамбетер поненормални атлантски дибеци, Македонија стана парадржава. Нема темел, нема ѕидови, нема влез и излез, нема покрив.

И што е најбитно, во таква дивоградба не се знае кој е сопственик на стан а кој е кирајџија или дивовселен. Во таков објект напросто не е можно да се одвива нормален живот. Треба целосно да се урне и откако ќе се расчисти шутот и ќе се дезинфецира тлото, саглам архитекти по волја на македонскиот народ ( а не некои нови шарлатани експертутки, социопати и психопати како Мирослав Грчерв или Љубомир Фрчкоски, да начкрабаат архитектонско решение по ќеифот на ЦИА) да се подигне самоодржлива, долготрајна и стабилна градба.

Треба нов Илинден и нов АСНОМ за да никне нововремската Република Македонија. Самоодржлива и суверена.
Затоа професорот Цуцуловски ни го даде одговорот на нашата дилема дали да излеземе на претстојните претседателски избори или да ги бојкотираме. Фино човекотпрашува: Кој ги организира ваквите избори, односно, во која држава ќе се одржат?

Плус кои политички субјекти ќе учествуваат на тие избори. Важечки и регистрирани по Уставот и законите на Република Македонија или оние кои ја претставуваат дивата Северна Македонија? Северна Македонија како држава не постои. Во ООН на пример.

Не постои исто така ни северџански народ. И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се со ,,стара,, регистрација. Како ДИК-от. Избирачите имаат идентификациски документи издадени од Република Македонија која црпки и тутурутки си решија да ја укинат. Како сега
избришани од живите, мртви луѓе ќе одат да гласаат за новопрајски лабораториски произведени стаорци? Штом организаторот на овој изборен циркус без волја на народот сам си изврши операција да укине легална држава со име и презиме и ја
замени со фалсификат, нека си измисли сега и свој гласачки бројлерски изборен список.

Не му се чудам на дегенот Стево Пендаровски кого, сиромашкиот, никакви пи-ар ,,стилисти,, и мејкап магионичари не можат да го опраат, ама и се чудам на Гордана Силјановска. За чиј претседател, на кој ебена држава ќе ни се препорача та да ја гласаме? И таа ли како легалист не го признава и не го препознава македонскиот народ кој со недвосмислен бојкот на референдумот на 30-ти септември се легитимираше како МАКЕДОНСКИ. И сега, Сотир Костов ли ќе не измобилизира да сме излезеле единствени за да избереме нова цијашко-соросоидна кукла за шеф на склопи-расклопи ЛЕГО макета?

Да заклучам: Обидот за пучирање на Венецуела драматично сличи на успешниот шарен куртон пржински пуч изведен во Македонија. Режијата, кастингот, изборот на статистите за масовки, ептен исти. Бре под индиго копирани црпки, лејки, дибеци, прес пропагандисти, соросоидни кретеноиди шарени безидентитетни дегенерици. Тие Гваидо, ние Црпко, Рада ем Талат Џафери. Кој го ебе народот, демек суверенот.

Наша маана која не разликува од Венецулелскиот народ е само една. Тие активно се организираат и дејствуваат во одбрана на својата мнозинска волја а ние се повлековме во себе и се препуштивме на апатија и депресија. Можеби зашто тие ги имаат Чавез и Мадуро како маркери а ние си ги избравме Борис, Бранко и Хорхе. Уште една ваква епизода е отпојќе или што би рекле Мујо и Хасо ,,много преко више,,.

За триесет години се изнагледавме фингерајки. Оваа априлскава сега, ама ич не ни треба! Нас ни требаат лидери кои нема да мантраат ,,НАТО или смрт,, и кои нема да го слават западот како Олимп а НАТО како Зевс. Затоа, штом сами си се фатија на орото, сами нека си го играат по музиката што им е единствена опција. Нека си ѕенѕаат самите. Нека си рецитираат НАТО поезија на
,,карпошовите поетски деген вечери,,.

Оставете ги јавно да се пријавуваат за посвојчиња на Црпко Заев. Каков твроец родител, такви чеда. Бранко го роди копитово муртинско, овој ја продолжува деген лозата со лоботомирани бројлери.

Ние од дистанца ќе си гледаме сеир. Оти времето си тече несопирливо. И во Вашингтон, главниот град на најголемата банана република на планетава и во Скопје во најновата цијашка дркотина ,,северна македонија,,. Законите на хаосот дејствуваат без сопирачка и таму и кај нас.

Напросто, не се оправа нешто што се крепи на надворешни трупци и диреци а е со ничкосан темел и без носечки ѕидови. Она што се распаѓа оти е скапано одвнатре, нужно ќе си падне и ако сте внатре ќе ве поклопи. Ќе завршите како безимена колелтивна колатералка.

Дајте и овојпат да не учествуваме во злосторот против нас. Не слушајте секакви преститутки и експертутки. Нека си полнат кутии, нека си фалсификуваат се што можат. Така ќе ни ја олеснат работата што не чека. Следи ГОЛЕМОТО ЧИСТЕЊЕ. И во Вашингтон и во Скопје. Ние или тие после нас само треба тоа брдо доказен материјал да го употребиме во операцијата темелно чистење која е голем дел од дијалектичкиот процес. Што би рекле фараоните: Така е речено, така ќе се запише!

Чувајте енергија и сила за она што следи после овој испланиран и изрежиран очајнички изборен карамбол. Не ги одработувајте претстојните грчки избори. Не им помагајте на Црпко и на Ципрас. Зафркнете го дегенерикот Филип Рикер. Во септември лани правевме ајвар. Сега, овој април ќе собираме коприви и глуварче по ливадите. Ем е здраво ем е многукратно корисно.

М. Велиновска
Скопје, 11.04.19
Преземено од дудинка.орг

Повеќе