Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ води не само во Скопје, туку во цела Македонија

Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во денешната емисија на „Топ Тема“ нагласи дека анкетата на МЦМС за претстојните избори нема логика.

-Во скопскиот регион, Гордана Силјановска има предност од 2.5%. А, да не кажувам дека Скопје е пола Македонија, ако не и повеќе во однос на гласачи. Од друга страна во споредба на гласови град-село, Стево Пендаровски води за истата разлика. Значи не е возможно да имаме вакви бројки.

Јанушев додаде дека ако се соберат сите градови, бројката е скоро како Скопје, и таму има град-село разлика каде што Пендаровски води, а од друга страна е Скопје како урбан дел, каде што има најголема концентрација на гласови, нема логика анкетата.

Повеќе