Со Даниел Стефановски нема втора рунда

Во синоќешната битка за светската титула на ИСКА која што е една од најзначајните светски кик бок организации, Македонскиот воин Даниел Стефановски го совлада францускиот борец Софијан Алилуше (Sofian Allilouche) со ефективен нокаут уште во првата рунда.

Со тоа Даниел Стефановски уште еднаш го докажа своето место во врвот на боречките спортови и прераснува во еден од бесмртните лица на боречките вештини во Европа но и во светот.

Даниел Стефановски е роден во Швајцарија и во своето портволио веќе ја има застапено светската шампионска титула во К1 категориај до 80 килограми.

Родителите на Даниел Стефановски потекнуваат од Куманово.

Погледнете го во продолжение Македонскиот воин Даниел Стефановски како го покосува еден од врвните франциски кик-боксери:

 

Повеќе