д-р Оливер Андонов – Нервоза

Колумна на д-р Оливер Андонов – Нервоза

КУРИР.МК

Како што наближува 21-ви Април денот на одлучување, денот во кој „татковината не повикува“, денот на кој СДС ќе ја добијат заслужената казна од Македонскиот народ, така во нивните редови се повеќе се гледа нервоза. Не е тоа нормален показател на неизвесност и очекување на резултатите од Претседателските избори, тоа е видлива нервоза во секој поглед. Погледнете ја само слабата присутност на граѓаните на нивните митинзи, нивниот обид да се додворат на сограѓаните Албанци преку невешто и набрзина а за популистички цели научена некоја реченица на Албански јазик, во меѓувреме намерно и нервозно заборавајќи дека мнозинство во Македонија се Македонците, постојано едно те исто повторувајќи за „светлата иднина“ во НАТО и ЕУ, преку фалбите за немерен економски успех кој никако да го почувствуваме, враќањето на изветвените лаги за петстотини евра просечна плата па се до директните и вулгарни навреди кон Мицкоски, Сиљановска-Давкова и кон ВМРО-ДПМНЕ и нивните поддржувачи. Но, не само Заев оваа матрица на обиди за понижување, навредување и провоцирање ја применуваат и другите функционери на СДС, па дури и Петре. Очигледно е дека Скопје е во хаос и за година и половина од неговиот мандат нема ништо стратешки започнато како негов проект (да не ги сметаме проектите кои ги започна Коце Трајановски и му ги остави во наследство).

Сите овие постапки само покажуваат дека лицето Зоран Заев, а и оние околу него не само што нема идеи (впрочем никогаш и ги немал), туку веќе нема ниту нови идеи за успешни лаги и измами на Македонските граѓани. Ова е директен показател дека бевме во право сите ние кои пред три и повеќе години зборувавме за тоа кои се целите на Заев и СДС да дојдат на власт. Токму тоа и се потврди, дојдоа на власт или поточно кажано ги доведоа на власт само за да го сменат името на државата Република Македонија да го сменат уставот и да ја ре дефинираат Македонија, а Македонскиот народ да го уништат и претворат во неидентификувана аморфна маса, и тоа само со една лична лукративна цел, за да се наполнат со пари и да се изнакрадат од маката и потта на Македонските граѓани. Токму затоа тешко оди ратификацијата за влез во НАТО, затоа нема да има ништо од датум за преговори со ЕУ или во најблага форма тоа ќе ни биде соопштено во Извештајот на ЕУ со еден куп еуфеменизми во стилот дека сме постигнале одличен напредок и слично. Во исто време се она што е започнато или веќе изградено од времето на ВМРО-ДПМНЕ ќе се успорува, закочува, одложува, за да не биде завршено и за да можат од тоа да прават манипулативен маркетинг дека тие се успешните. Впрочем како и секогаш ќе играат на картата на кратко паметење, на лаги и манипулации, на лажни ветувања и на отстапки кон коалициониот им партнер.

Затоа имам едно клучно прашање кое би требало Заев, а и Пендаровски како негов кандидат веднаш да го одговорат на Македонската јавност: „Што конкретно во клучни државни позиции кои се под ингеренција на Претседателот на Република Македонија ќе добие ДУИ како надомест за нивната поддршка на вас за Претседател на државата“? Одговорете слободно Заев и Пендаровски, избликот на вистина и признание пред сопствените граѓани ќе ве направи да се чувствувате помалку нервозни, а и добро е сите ние да ви го знаеме договорот пред да гласаме на 21-ви Април. Да знаеме во која фаза од спроведувањето на Тиранската платформа сте во овој миг и што ни планирате во следниот период. Бидејќи, од економија нема ништо, да видиме каква политичка и национална каша ќе ни загорите.

Искрено, не очекувам да дадат одговор или во најдобра рака тоа ќе биде некоја лага што ни „куче со масло не би ја голтнало“, но тоа само повторно потврдува каков однос кон интелектот на сопствените граѓани има СДС. Затоа и се нервозни, бидејќи незнаат што би одговориле пред граѓаните, а тие да им поверуваат. Како на пример, како тоа сме на 88-то место по корупција дури и зад Косово, а нели во време не владата на ВМРО-ДПМНЕ имаше корупција, а не бевме така „високо“ рангирани.

На сите лаги и конструкции на СДС кои видливо се претвораат во нервоза, се надоврзува и уште една нервозно-глупава реакција на министерот за Данска, пардон за финансии Тевдовски. Имено овој лик, од Вашингтон ни порачува дека одлично поминал во мисијата кај ММФ и се враќа со полн куфер договори, а утешно е тоа што ММФ предвидел корекција на економски раст кај многу други држави не само кај Македонија. Сега пак се поставува прашање, како тоа во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ немавме аранжман со ММФ а бевме успешни и имавме економски раст, а секогаш кога СДС е на власт ние имаме некаков си аранжман со ММФ и никаков економски раст. Сепак ова прашање ќе го оставам за дискусија помеѓу Тевдовски со економско-финансиските експерти од ВМРО-ДПМНЕ, се надевам дека Тевдовски и неговиот тим нема да бидат нервозни и ќе научат нешто.

Каде и да погледнете само ќе видите застој, апатија, сиромаштија и немање на инфраструктурни проекти. Тоа е резултатот од двегодишното владеење на СДС. Потоа да не се прашуваме зошто се нервозни во своите настапи. Едноставно затоа што не постои сегмент во општеството во кој може да се види напредок или реализација на нешто што ветуваа. Сега кога и самите гледаат дека се дно и дека лагите се свршија, а нема никакви резултати од нивното владеење, свесни се дека им се приближува крајот и стануваат се понервозни. Таа нервоза не се во состојба ниту да ја прикријат па настапуваат со директни навреди.

Затоа бидете подготвени драги мои сонародници во следните неколку дена пред изборите да слушате секакви навреди, измислици и празни ветувања. Знаете како се вели, „давеникот се фаќа за сламка“, а Заев и СДС се дават и тоа во сопствените лаги и нормално е да бидат нервозни кога се фатени во лага.

Очигледно дека не се нервозни единствено кога на нивните собири само онака формално инструментално ја интонираат во најскратена верзија Македонската химна. Видливо е дека се срамат да се нарекуваат Македонци и особено ги нервира тоа што „…над Македонија се раѓа ново сонце на слободата и Македонците се борат за своите правдини …“.

Ќе поминат и овие денови на притисок, лаги и напнување, но во недела на 21-ви Април е денот кога правдата ќе блесне и праведно ќе ги казниме СДС. Решението не е бојкот, туку гласање како одраз на највисока граѓанска свест и демократска борба за уривање на злото наречено СДС и Заев.

Како што Господ Иисус Христос влезе во Ерусалим со слава, така и ние со слава да го победиме злото СДС на денот на Цветници и во мир и радост да го дочекаме славното Христово Воскресение.

На денот на Преподобен Тит Чудотворец (во шестата седмица на Великиот пост)

Вонреден професор д-р Оливер Андонов за КУРИР

Повеќе