Tриото „Кладенец“ за сите паднати за Македонија (ВИДЕО)

Промовиран новиот проект на триото „Кладенец“ насловен „МАЈКО ЗЕМЈО НЕ ПЛАЧИ“.

“Проектот „Мајко земјо не плачи“ започна како идejа на 5-ти Јануари 2019 година, а заврши како производ во втората половина на март 2019 година. За тој период триото „Кладенец“ и сите соработници дадоа се од себе вложувајќи ги и сопствените животи на -15 степени на ветер, дожд и снег целиот тој период”, велат од триото Кладенец.

Како автор на музиката и аранжманот на „Мајко земјо не плачи“ се јавува добро познатиот Jovan Vasilevski, текстот е на Sasho Kostadinovski изведувачи трио „Кладенец“, традиционални инструменти Goranco Angelov Gajda, Артисти група Сербез Битола, комити глумат Благојче Киров Анчов, Novica Gjorgiev, Ivan Bozinovski и најмалиот Лука Георгиев. Како арамии во спотот актери се Suad Fazlii и Зоран Стојчески.

Видео записот на песната е снимен и обработен од RED Central Production под раководство на George Bogdanovski продуцент, Nenad Velkovski режисер и Милчо Силјановски сценарист.

“Кладенец” изразува благодарност до Градот Крушево, сите спонзори и поддржувачи на овој проект кој го посветуваат за СИТЕ ПАДНАТИ БОРЦИ ЗА НАШАТА ТАТКОВИНА!

ИЗВОР: ЕКСПРЕС.МК

Повеќе