Необјавени „бомби“ одекнаа два дена пред гласање

На интернет денеска осамнаа  четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се објавени на мрежата Vk.com . Во првиот разговор се слуша гласот за кој пишува дека е на поранешниот претседател Бранко Црвенковски како разговара со соговорничка за извесен „Дамјан на Рада“. Видеото е со наслов „Црвенковски ги објаснува грчките фирми на Манчевски“. Во вториот разговор се слушаат гласовите за кои пишува дека се на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу како разговараат за процесот на лустрација. Третиот разговор носи наслов „Кочо и Саше…

Се исцртува ли фронтот против Заев кој ќе го соборат од власт?!

Мицкоски: Ќе се борам се додека не ги видам овие политички измамници на вистинското место   „Сиљановска со својот личен, но и професионален минат труд дома и во странство, тимот на експерти од дома и врвните експерти кои застанаа позади Гордана, вие народот сте гаранција дека ќе имаме вистински реформи во судството, да креира повеќе работни места, повисоки плати, пензии, реновирани болници, а сето тоа го гарантира Гордана Силјановска Давкова, нас ни треба огромна поддршка на 21 април“, порача од Крива Паланка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој истакна дека…

Анкета на „МАРКЕТ ВИЖН“: Водство на Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Македонија се движи во погрешна насока, ова го покажува последната анкетата на „МАРКЕТ ВИЖН“, спроведена по барање на Пресинг ТВ. На една недела пред одржувањето од првиот круг на претседателските избори, резултатите  од анкетата покажуваат дека за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Гордана Силјановска Давкова би гласасале 18,6%, а за заедничкиот канидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски би гласале 18 %. За кандидатот поддржан од БЕСА и Алијанса за Албанците би гласале 8,4 %.  Голем процент од анкетираните 28,7 %  се изјасниле дека се уште не знаат…

Турција се заканува дека ќе ја одложи ратификацијата доколку Македонија не екстрадира 15 турски државјани на Акнара

Турција наводно се заканува дека ќе ја одложи ратификацијата на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, доколку земјата не ги екстрадира 15 турски државјани на Анкара кои се обвинети за вмешаност во неуспешниот државен удар во Турција во 2016 година, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Според весникот, Анкара инсистира на екстрадиција на 15 турски државјани за кои властите во Турција сметаат дека се членови на мрежата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за организирање обид за пуч. Ова прашање го отвори и турскиот министер за…

Единствениот монах Македонец со потекло од Лерин се моли на македонски на Света Гора

Славата и парите не биле доволни за да го задржат во светот. Георгиос Теохарис од Лерин, Егејска Македонија по потекло Македонец, се искачил на највисоките скалила во шампионатот за борење, освоил 11 медали, но, кариерата, семејството, пријателите и домот, ги оставил зад себе и пред околу две децении побегнал на Света Гора, во Катунакија, каменлива област на југот од Атонскиот полуостров. Таму Героргиос, го добил монашкото име отец Василиј и го започнал аскетскиот живот. Македонците од Егејска Македонија тврдат дека тој е единствениот монах Македонец, кој молитвите ги кажува на…

Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна

Апликацијата Вибер воведе нова услуга – „Вибер локален број“, што ќе биде посебно корисна за оние кои често патуваат. Опцијата овозможува корисникот да избере локален телефонски број во земјата на престој и преку него да прима неограничен број телефонски повици и пораки по локални цени. Услугата засега е достапна само во САД, Канада и Велика Британија, односно на луѓето што ќе престојуваат во овие земји. Компаниите кои работат на меѓународниот пазар, со таа услуга ќе можат да комуницираат со клиентите без трошоци за роаминг. За првите 10.000 нови претплатници Вибер…

Мажите кои чистат по дома имаат почесто секс со партнерката

Лер Перот, автор на книгата „The Ultimate Guide To Crazy Good Sex“ пишува за машко-женските односи и дели совети како да ги подобрите. Тој акцентира дека мажите кои им помагаат на жените во вршењето на домашните обврски почесто имаат секс во однос на оние кои тоа не го прават. Исто така, авторот додава дека со угодување и изразување нежности кон жената се зголемува сексуалната активност кај нив. Тој ги советува мажите отворено да разговараат со партнерките, да им дадат до знаење дека им значат. „Многу е важно пред да го…

Братот е најважниот маж во животот на својата сестра

Ако немате брат или сестра, навистина многу сте пропуштиле во животот. Братот е некој кој те засмејува повеќе од кој било друг. Со него постојано се тепаш затоа што направил нешто што не смеел или земал нешто твое. Но, се тоа има рок на траење. Кога ќе порасне и повеќе нема да можеш да излезеш со него на крај, тогаш почнува зрелиот однос. Нема повеќе конкуренција кај родителите, тој е омиленото момче, ти си омиленото девојче и сите се задоволни. Братот е најдобриот пријател на сестрата и обратно. Од нив…

РУСЈАКОВ-Паника! Паника!

Забавна колумна, нема што. Оваа лево. И сега јас треба да дебатирам со неа. Среќа што јас ќе дебатирам, а не Стево Пендаровски. Ќе се намачеше. Просто е невозможно да му упаднеш на колумнист во збор. Јас планирам да му упаднувам во пропаганда. Бидејќи не се согласувам со Бил Емот. И тој, како повеќето поддржувачи на глобалниот светски поредок, е во паника. Оти идат европските избори. А расположението на европските граѓани не навестува ништо светло и убаво за оние што сега се напикани во Европскиот парламент. И леви и десни.…

Под власта на СДСМ културата е на најниски гранки

Кандидатот за претседател на државата проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска во Куманово оствари средба со Дејан Ѓорѓиевски потпретседател на Македонско археолошко друштво, Синиша Кашавелски меѓународно познат ликовен уметник и Боби Серафимовски, композитор и џез музичар. На средбата истакна дека под власта на СДСМ културата е на најниски гранки не само во Куманово туку и низ цела Македонија. -Негрижата за културата е показател плус за неспособноста на оваа влада. Нашето културно наследство е оставено на забот на времето, нашите уметници секој ден имаат се помалку услови за покажување на својот…