Се исцртува ли фронтот против Заев кој ќе го соборат од власт?!

Мицкоски: Ќе се борам се додека не ги видам овие политички измамници на вистинското место

 

„Сиљановска со својот личен, но и професионален минат труд дома и во странство, тимот на експерти од дома и врвните експерти кои застанаа позади Гордана, вие народот сте гаранција дека ќе имаме вистински реформи во судството, да креира повеќе работни места, повисоки плати, пензии, реновирани болници, а сето тоа го гарантира Гордана Силјановска Давкова, нас ни треба огромна поддршка на 21 април“, порача од Крива Паланка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека нема втор избор  и потенцираше дека ќе се бори се додека не ги видел политичките измамници на вистинско место .

„Јас немам втор избор ќе се борам се додека не ги видам овие политички измамници на вистинското место онаму каде припаѓаат и ветувам од тоа место ќе ги почестам со едно селфи со мене за да паметат што направија со нивната татковина и за нивниот народ“, рече Мицкоски.

 

Касами: Режимот на Заев исто како и режимот на Груевски ќе биде соборен со гласот на Албанците

 

Лидерите на Алијансата на Албанците и Беса, Зијадин Села и Билал Касами вечерва на митингот во Тетово побараа Албанците да гласаат за Блерим Река.

„Гласот за Река е почит за сите Албанци кои биле во затвор за рамноравност и достоинство на народот. Да покажете на 21 април револт против неостварените ветувања за правда. Тоа ќе биде порака дека Албанците се тука и ќе останат“, рече Села.

Касами порача дека на овие претседателски избори треба да се делегитира власта.

„Да не заборави Заев дека режимот на Груевски беше соборен со гласот на Албанците. Можам да кажам дека и режимот на Заев и неговите соработници Албанци ќе биде соборен исто со гласот на Албанците, со гласот за Блерим Река“, истакна Касами.

На митингот поддршка за Блерим Река побара Албин Курти, политичар од Косово, лидер на движењето Самоопределување.

 

Повеќе