Во Струмица драстичен пад на поддршката на двете најголеми партии

На денешните претседателски избори на ниво на Општина Струмица забележан драстичен пад на поддршката од политиките на СДСМ како и на ВМРО-ДПМНЕ. Со резултат 12544 за СДСМ  наспроти 9246  за ВМРО-ДПМНЕ и СО дури  833 неважечки ливчиња е една од најслабата поддршка воопшто кон двете партии, но и кон безидејноста на опозицијата да се наметне со квалитетен кадар и способни луге што досега во 4 изборни циклуси ги губи локалните избори но и парламентарните и никако да понуди нешто ново. Дефинитивно ова треба да им биде порака да ја менуваат…

Мала разлика помеѓу водечкиот двоец во завршницата на пребројувањето

Според првичните резултати објавени на веб-страницата на ДИК од обработени 96,97 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 42,69 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова со 42,57, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 10,4 отсто. Изразено во освоени гласови, од досега преброените за Пендаровски гласале 314.123 граѓани, за Силјановска-Давкова 313.210, а за Река 76.516 граѓани. Неважечки се 31.989 ливчиња. Одзивот во првиот круг на Претседателските избори до 18.30 часот изнесуваше 39,71 отсто…

Ивор Мицковски: Ова е историски најлош резултат на СДСМ

По повод објавените резултати од претседателските избори, Ивор Мицкоски со критика до владејачката коалиција. Тој на својот фејсбук профил напиша: Историски дебакл на едни избори. Нема ни 2 години. ДУИ уште се фали колку гласови добиле, ако тоа се одземе, ова е историски најлош резултат за СДСМ и воедно за една владејачка партија. Итроштината и самобендисаноста не се исплаќаат.

Мицкоски: Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот, почна падот на Зоран Заев

Победивме! Победивме и тоа е победа на сите вас, на сите вас што ја поддржавте професорката Гордана Силјановска, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференцијата одржана во партиското седиште. -Ги победивме сите оние остатоци од транзицијата сите оние измамнички политики чив предводник е Зоран Заев. Ги победивме, но нецелосно ги поразвме затоа ни е потребна победа во вториот круг. Ја победивме хотел коалицијата, доаѓа правдата за Македонија за која се обединивме, окрупнивме и која беше нашата водилка. Оваа победа е голема затоа што е на народот, од денес…

Во првиот круг на претседателските избори води Гордана Силјановска Давкова

Кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, е во убедливо водство од досега пребројаните гласови, дознава Република од свои извори. Според она што досега е обработено разликата помеѓу Силјановска и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски е повеќе од двојна. Од обработените изборни места во Куманово, убедливо е водството на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ. Иста е ситуацијата и во скопската општина Ѓорче Петров и Аеродром. Предност Силјановска Давкова има и во Битола.

До 18:30 излезноста изнесува 39,62%

Од 7 часот утрово до 18:30 часот, на денешните претседателски избори гласале вкупно 697.073 граѓани со право на глас. Тоа е вкупна излезност од 39,62%. Ова се резултатите од информации пристигнати од 97,31% од избирачките места.

Историска фотографија од Грамос: Американски генерал надгледува успешна воена операција над македонските војници

Грамушта (Грамос) 30 Јуни 1949 – американскиот Генерал Џејмс Ван Флит надгледува успешна операција, од 1946 на чело на САД мисијата со уште 250 воени советници во исполнување на трумановата доктрина, до 2007 во Костур имало негова статуа.  Грамушта (Грамос) 30 Јуни 1949 – американскиот Генерал Џејмс Ван Флит надгледува успешна операција, од 1946 на чело на САД мисијата со уште 250 воени советници во исполнување на трумановата доктрина, до 2007 во Костур имало негова статуа pic.twitter.com/jpZU7V3bSZ — ДЖД (@stopanot) February 24, 2018

Излезноста до 15 часот изнесува 28.89%

Излезноста до 15 часот во првиот круг на претседателски избори изнесува 28.89%, соопшти денеска претседателот на ДИК Оливер Деркоски на прес-конференција. Исто така соопшти дека од три општини не се пристигнати резултатите, но тие нема да сменат нешто драстично, вели Деркоски. Што се однесува до изборниот процес, Деркоски напомена дека не се забележани сериозни прекршувања, а дека до нив пристигнале осум приговори за нарушување на изборниот процес, и дека истите ќе се разгледуваат веќе во текот на денот.

Католиците го слават најголемиот христијански празник Велигден

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во државава, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија. Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита велигденската порака. -Велигден е врв на празнувањето во христијанските заедници, но тоа не е само прослава на верниците, туку е моќна порака што добива космички димензии. Бог ни го откри значењето на целиот Универзум, што е најголемата димензија…

ЦРКВАТА ПОСВЕТЕНА НА СВЕТИ АХИЛ ЛАРИСКИ ВО ДОЛНА ПРЕСПА

Егејска Македонија е земјата со чие име уште во античките времиња се означувала малата покраина во непосредна близина на Пела – престолнината на античкото Македонско Царство. Во тоа време Македонија го опфаќала просторот меѓу денешното исушено Пазарско Езеро и долниот тек на реката Вардар. Инаку, македонскиот народ во егејскиот или беломорскиот дел на Македонија, според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички ѝ е туѓ на Грците (Елините). Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент кога ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребување на…