(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни минатата година безмилосно го претепаа 20-годишниот Никола Саздовски, член на навивачката група „Комити“, на автобуската станица во Автокоманда.

Во текот на постапката обвинетите се изјаснија дека не се виновни за смртта на Саздовски. Нивните бранители тврдеа дека смртта не настанала од ударите, туку од падот на Саздовски врз металната кутија што се наоѓала непосредно до местото на немилиот настан.

Повеќе на следниот линк ТУКА

Извор: Макфакс

Повеќе