Сулејман Реџепи: Веќе не сме на иста страна со оваа влада!

„За жал, од вечерва не сме повеќе на иста страна со оваа Влада“, изјави поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи по вечерашниот упад на полицијата во ИВЗ, и по изјавата на Бузаку дека тој од утре ќе биде поглавар на ИВЗ согласно одлуките од Судот, објави „ТВ21“.

За денешниот упад на финасиска полиција во ИВЗ, Реисот Сулејман Реџепи изјави: „За жал, констатиравме дека ова е полициска држава“.

Ријасетот на Исламската верска заедница, вечерва одржа вонредната седница во Факултетот за исламски науки во Кондово, по најавите за промена на поглаварот на ИВЗ врз основа на судско решение.

Според судското решение, како што изјави за медиумите, Скендер Бузаку од утре ќе биде новиот поглавар на Исламската верска заедница.

Но, членот на ријасетот и директор на Агенцијата за Халал Мухамед Реџепи реќе дека сегашниот поглавар ќе ја врши функцијата се додека ја има довербата од ријасетот на ИВЗ.

Според Вејсели, не може да се именува поглавар на ИВЗ со судска одлука. ИВЗ е самостојна автониомна институција и согласнио Уставот на ИВЗ ниеден орган не може да одлучува кој ќе биде поглавар. Ќе се одржи седница на ријасетот на ИВЗ. Сите муфтии се членови на ријасетот и затоа треба време да пристигнат.

Претходно , со одлука на Основниот суд Скопје 2 , Скендер Бузаку е нов поглавар на ИВЗ наместо Реис ул улемата Сулејман Реџепи.

Повеќе