САМОЖРТВА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО СОЛУН: Гемиџијата Орце Поп Јорданов жив не се предаде, се самоуби откако ги потроши бомбите

Се осигурав на 10.000 франци, која сума по мојата смрт ќе ти биде испалтена, сакам и со мојата смрт да бидам во полза на делото, за кое живеев, работев и ќе умрам – делото за ослободување на нашата скапа и сакана Македонија! Ова е последната порака што ја упатил велешкиот гемиџија Јордан Поп Јорданов – Орце, пред да си го одземе животот, на денешен ден, 30 април 1903 година во Солун. Тој загинува херојски, во куќата во која живеел во Солун, откако ги употребил и последните бомби против османлиските војници…

Османи: Доколку во јуни не се започне со пристапните преговори ќе колабираме

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, за ТВ21 вели дека на билатералните средби на Самитот во Берлин зборувале за прашањето за добивање на датум. По позитивниот извештај на Европската комисија за напредок, Османи се надева дека јуни ќе биде одлучувачки како неопходен месец за зачувување на позитивната атмосфера во регионот. По изборите во Европскиот парламент, вели дека земјите членки треба да го одржат ветувањето, со цел да го чуваат нивниот кредибилитет. Јас мислам дека ако се тргне јуни, или оваа година за започнување на преговорите, целиот процес може да колабира,…

ВМРО-ДПМНЕ НА ЦК:Сите поранешни функционери и видни личности од ВМРО-ДПМНЕ на сите нивоа, да се вклучат и да помогнат во конечната победа

Зоран Заев и власта се целосно делегитимирани и ВМРО-ДПМНЕ е на чекор од победа на претседателските избори, констатирано е на вечерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на која што се анализираше исходот од првиот круг на изборите за претседател на Република Македонија. Резултатите на првиот круг на изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов е најголемата политичка сила и ја има поддршката од домашната и од меѓународната јавност, а наскоро по победата на претседателските избори ќе ја води државата. Членовите на ЦК го поздравија одличниот резултат постигнат на првиот круг…

(ВИДЕО) Интервјуто кое не смеете да го пропуштите: Дали, зошто и кога би можело да се формира Голема Албанија

Во синоќешната емисија “Во центар” на новинарот Васко Ефтов, беше емитувано интервју со поранешниот Адмирал во војската на Хрватска, Давор Домазет-Лошо, а тема беа геополитичките стратегии на големите светски сили, Русија, Кина и САД. Во емисијата станува збор и за можноста за создавање на така наречената Голема Албанија и кога би можело да се очекува нешто такво и зошто. 60 минути кои целосно ќе го привлечат вашето внимание.

АРСОВСКА: Бизнис заедницата детектира опасност за коруптивни зделки при јавните набавки

Сериозен проблем ќе биде ако претставници на приватниот сектор не бидат консултирани при носењето на подзаконската регулатива за јавните набавки што се очекува до крајот на септември годинава, смета претседателот на Сојузот на топански комори (ССК), Данела Арсовска. Во писмена изјава до медиумите, Арсовска потенцира дека се уште постојат слабостите што бизнис заедницата ги детектира како потенцијална опасност за нетранспарентна постапка и коруптивни зделки при спроведувањето на јавните набавки. Според неа, за компаниите е неприфатлива делумно применлива регулатива со големи можности за злоупотреба. Неопходно е во соработка со стопанството прецизно да се…

Мицковски: Откако Папата ќе си замине, на Битола ќе им го дадеме асфалтот од маршутата

Скопје наголемо се подготвува за доаѓањето на Папата Франциско, кој ќе го посети главниот град на Македонија на 7 мај. Откако Папата ќе си замине на Битола ќе  им го дадеме асфалтот од маршутата, напиша на фејсбук Ивор Мицковски.  

Донирај за спас на ВАРДАР

Епа ајде добри луѓе, првиот чекор успешно го направивме, следува најважниот дел! Споделувајте, донирајте, Вардар мора да го спасиме! Со почит, ,,Иницијатива за спас на РК Вардар”

Заев е среќен и со гушка од Меркел, не му треба нему датум за преговори

Иако францускиот претседател и германската канцеларка Емануел Макрон и Ангела Меркел јасно кажаа дека ЕУ не размислува за проширување, со што паднаа во вода надежите и ветувањата на владата за датум за преговори со ЕУ во јуни, премиерот Зоран Заев е благодарен што „Германија и Франција што ги препознаваат и посочуваат подвизите кои ги презедовме како врвен придонес кон балканската и европската стабилност“. Нашата одговорност и посветеност не запира тука бидејќи европската идеја за сојузништво на диверзитетот бара постојана грижа за себе и за другиот, напиша Заев на Фејсбук споделувајќи интимни…

Колку може да се заработи од Криволак

Најголема воена вежба што ќе се одржи во мај Според најавите, на полигонот Криволак треба да се спроведе најголемата воена вежба на македонска територија на која ќе учествуваат илјадници војници од пет сојузнички НАТО-држави Наредниот месец на воениот полигон Криволак треба да се одржи најголемата воена вежба што некогаш била организирана на македонска територија. Станува збор за вежбата именувана „Одлучен удар 2019“, која, според најавите, треба да се спроведе меѓу 20 мај и 15 јули. Во тој правец, Владата месецов на седница донесе одлука со која се одобрува спроведувањето на…