Стопанствениците негодуваат, бараат поддршка за минималецот

Ако Владата го поддржи стопанството со субвенции, бизнис секторот може да издржи исплата на минимална плата од 13.500 денари, велат работодавачите. Според Миле Бошков, ако Владата не помогне, најавеното ново покачување на платите би предизвикало сериозни проблеми кај трудо-интензивните дејности – бизнисот ќе подлежи на дополнителни трошоци. Зголемувањето на минималецот ги демотивира работниците со просечни плати, а ќе предизвика и проблеми кај трудо-интензивните дејности, велат од Организацијата на работодавачи. Тие веќе се изјаснија дека се уште имало работници кои дел од платата добиваат на рака. За најавеното зголемување на минималецот…

ОЛИВЕР АНДОНОВ: Втор круг или висока цена

Како што можеме да видиме и забележиме или почувствуваме, со приближувањето на вториот круг од претседателските избори се поголема е нервозата кај СДС-то. И не само нервозата, туку уште повеќе до израз доаѓа неинвентивноста поради што се измислуваат потполно тривијални напади врз професорката Силјановска-Давкова. Покрај неталентираните обиди за дискредитација на професорката Силјановска, уште по не интелигентни се обидите на разни начини да се присилат граѓаните особено оние од јавната администрација да излезат на гласање на 5-ти Мај и да гласаат за Пендаровски. Трета не интелигентна активност на СДС-то е старата…

ЦВЕТАНОВСКИ: Пролетно чистење во недела, ден кога метлата се трансформира во пенкало…

Љупчо Цветановски Колумна за ДЕНЕШЕН.МК Тик-так, тик, так, тик-так… Познатата сентенца на црпнатиот „премиер“, со која ги најавуваше „бомбите“, сега силно одѕвонува во скутот на авторот и опортунистичката му дружина. А каде исчезнаа провладините анкети за изборите? Упс! Каде се странците – поддржувачи на Стево? Уште поупс! Јап, не е заебанција, оти сега било време на паника и силен страв во владеачката каста. А за да ја олабави атмосферата зовриена и да ги опушти фацичките им силно намуртени, вицкастиот „премиер“ почна да кажува финти и досетки. Оти таков си е…

Силјановска: Две ипол години власта не направила ниту една значајна реформа, освен промената на уставното име на Република Македонија

Кандидатот за претседател на државата, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска се обрати на трибината насловена „Ќе пакуваме куфери, или ќе гласаме и одлучиме за нашата иднина?“. Силјановска Давкова истакна дека како професорка секогаш ги учи младите да бидат критичари, да не се поданици, да не веруваат во замислени авторитети, потенцирајќи дека доколку на највисоките места се најквалификуваните, највредните и најморалните тогаш младите ќе останат во сопствената држава и токму овде ќе ја градат својата иднина. Таа додаде дека катастрофален е податокот што сега над 70 проценти од младите својата…

Заев: По изборите метлата ќе фати од јавната администрација кои се членови на ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев вечерва од митингот во Штип уште еднаш кажа дека е ред да зачисти на локално и централно ниво по две години. – Има функционери кои спуштаат слушалка, кои немаат одговор на барањата на граѓаните. Овие луѓе немаа снага да му служат на народот, затоа по две години време е за чистка. Нив ќе ги поместиме, или како што би рекол Цацко, дај ново дете. – порача премиерот Заев. Тој додаде дека ќе зачисти и на другата страна, односно кај кадарот кој опструирал, а бил поставен во времето на…

Дурловски за „Национална опера и балет“: Како само г(о)рдо звучи, недостига пocмртен марш…

Оперскиот пејач Игор Дурловски за преименувањето на Македонска опера и балет во „Национална опера и балет“ со свој коментар на Фејсбук. „Како само г(о)рдо звучи, недостига пocмртен марш…“, напиша еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кој не побара амнестија и на крајот од судскиот процес за настаните од 27 април 2017 година во Собрание доби ослободителна пресуда по обвинението за тepopизам. Извор: фејсбук

АНГЕЛОВ: Обединете се под бајракот на ВМРО- ДПМНЕ, само така Сонце ќе не огрее

Порака на Горан Ангелов, осуден на 12 години затвор за „27 април“, испратена до неговиот пријател Ване. Пораката ви ја пренесуваме во целост: Ване, Ладна оваа ќелијава, влага, сонце не ја фаќа. 17 месеци сум во неа но без грижи, не ме кршат, а не дека не се обидоа. Од стара мајка Македонка сум, ќе помине,ќе издржам и знаеш што?Не сум злопамтило, но ништо не заборавам.Имам книги, читам,наместо времето мене јас него го “тепам”. Не ми се легнуе навечер, мака ми е, ги мислам оние пилцине дома, и жена ми,…

Силјановска: Не треба да се бојкотираат изборите, треба да се бојкотира власта

Во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова вели дека очекувале „правна метла“, и за премиерот Зоран Заев додаде дека се „саморазрешил“ или се „самоизметел“ од Советот за реформи во судството. Таа изјави дека во Штип се видела со претставници на Бојкотирам и дека застанале зад неа. „Како што знаете се сретнав со Левица, знаете дека таму дел од партијата повикуваше на бојкот. Јас мислам дека не треба да се бојкотираат овие избори, треба да се бојкотира власта“, вели таа. Според неа, луѓето…

Предраг Димитровски:Срамота, кој рекол дека премиерот Заев ни е глупав!?

Договорите за дело, кои завршија, беа прекинати. Државната администрација 11 години беше полнета од ВМРО-ДПМНЕ. Не им фалеше влакно од главата. И сега Заев е добар, Заев е кроток, Заев е мирен, ама Заев со научен занает со метлата, можам да им кажам дека ќе изметеме се и ќе сјае во Македонија. Ние сме добри луѓе, но не сме глупави и наивни. Почнаа списоци да прават како од времето на режимот. Ова, меѓу другото, како што пренесуваат медиумите, го порача премиерот Зоран Заев од предизборна трибина во Куманово на која…

Река: Ве молам на 5. мај, излезете масовно на гласање, за да го спасите Евро-атлантскиот процес

Кандидатот за претседател Блерим Река кој испадна во првиот круг на гласањето уште еднаш го повтори ставот дека гласовите кои ги добил се гласови на граѓаните, и нивно право за кого ќе го дадат гласот во вториот круг. Тој порача да излезат граѓаните масовно да гласаат и да го спасат Евро-атлатнскиот процес, пренесува ТВ21. „Почитувајќи ги вашите гласови, уште еднаш ќе повторам: тие се само ваши гласови. Тоа е ваше свето право и на вас е да одлучите за кого ќе гласате во вториот круг. Ве молам на 5. мај…