Силјановска: Две ипол години власта не направила ниту една значајна реформа, освен промената на уставното име на Република Македонија

Кандидатот за претседател на државата, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска се обрати на трибината насловена „Ќе пакуваме куфери, или ќе гласаме и одлучиме за нашата иднина?“.

Силјановска Давкова истакна дека како професорка секогаш ги учи младите да бидат критичари, да не се поданици, да не веруваат во замислени авторитети, потенцирајќи дека доколку на највисоките места се најквалификуваните, највредните и најморалните тогаш младите ќе останат во сопствената држава и токму овде ќе ја градат својата иднина.

Таа додаде дека катастрофален е податокот што сега над 70 проценти од младите својата иднина ја гледаат надвор од Македонија.

-Над 70 проценти е веќе бројот на оние кои патот го гледаат во еден правец што е катастрофално, вели Силјановска Давкова.

Посочи дека воведувањето на прогресивниот данок во Македонија ги погодило граѓани, меѓутоа власта на СДСМ и Заев немале слух за да ги слушнат мислењата на странските комори, но и на домашните експерти.

-Ќе ве потсетам само на даночната политика. Кого погоди таканаречениот прогресивен данок? Токму ИТ секторот. Значи сите укажуваа дека тоа не е добра постапка и странските комори и домашните експерти, меѓутоа немаше кој да ги слушне, кажа Силјановска Давкова.

Според нејзе за овие две ипол години, власта не направила ниту една значајна реформа која што ќе биде од значење за граѓаните, освен промената на уставното име на Република Македонија.

-Две и пол години се потрошени на што? Само на двата договори, јас не гледам други промени, изјави Силјановска Давкова.

Повеќе