НАТАША ПЕТРОВСКА И СДСМ ВО БИТОЛА КАКО ЛОКАЛНА ВЛАСТ ЕМ НЕСПОСОБНИ ЕМ КРИМИНАЛЦИ

Историска стана состојбата со улицата Св.Климент Охридски во центарот на најградската Битола, итоа по неколку парадигми. Првата е, дека оваа улица стана симбол на владеењето на Наташа Петровска и СДСМ, симбол на нивната неспособност, незнаење и лутање во едноиполгодишниот мандат на локално ниво.

Таа дури и беше преименувана од Св. Климент Охридски во Наташа Петровска, како врв на сарказмот и јазичната острица на битолчани, кои ете мораат да се дават во прашина или во вода и кал ако врне. Дури излегоа и многу досетливи вицови на Наташина сметка- предлог јавно претпријатие за асфалтирање улици да се вика Наташа Петровска, па граѓаните градеа плажи и базени и се исмејуваа со нејзината и неспособноста на локалната власт од СДСМ во Битола.

Но, втората парадигма, која многу брзо и сигурно се гради околу името Наташа Петровска и локалните моќници на СДСМ во Битола е нивното директно учество во криминал (покрај тој во РЕК и сите останати јавни битолски претпријатија) па така излегува на виделина дека заради сопствен интерес и остварување финансиска добивка, целиот циркус со улицата Св.Климент Охридски не е ништо друго туку багателна бизнис зделка со ни помалку ни повеќе Друштвото за градежништво, производство, трговија и услуги ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ увоз-извоз ДООЕЛ с.Зајас, Кичево.

Е, па на крајот се е јасно зошто година и пол се прави односно не се прави улицата, а зад измислениот параван на Наташа Петровска, раскинувањето на договорот со претходниот изведувач стои дебела финансиски, високо коруптивна зделка со фирма блиска на нивниот коалициски партнер ДУИ, со кого иако навидум се расштимани и пред распад, криминалот и полнењето на џеповите сеуште одлично им оди!

 

 

Повеќе