НУЦК АНТОН ПАНОВ ОД СТРУМИЦА, МЕСЕЦ МАЈ ГО ПРОГЛАСИ ЗА МЕСЕЦ НА СОЛИДАРНОСТА

Конечно и нешто убаво, хумано и суштински,  со цел за да се подигне свеста за хуманост и солидарност кон граѓаните од страна на институциите, и им се излезе во пресрет за да им се помогне на наши сограѓани кој боледуваат или имат потреба од операција или лекување за кое самите не можат да обезбедат средства и веќе  побарале помош или барање до општината за да им се помогне.

НУЦК АНТОН ПАНОВ од Струмица со известување до јавноста во кое се вели:

“Следејки ја динамиката на своите програмски активности и утврдувајќи дека месец мај е еден од најангажираните периоди во годината, НУЦК “Антон Панов” Струмица, со сите свои вработени и капацитет, одлучи да го прогласи месец мај за месец на солидарноста, со кое има намера да дел од своите сопствени приходи донира во хумани цели.

Одвоените средства солидарно ќе бидат донирани за потребите на сограѓани кои веќе имат доставено барање за помош за нивно лекување. ” – пишува во известувањето кое беше објавено на фан страната на Фејсбук на НУЦК Антон Панов.

Повеќе