КОНЕЧНО МАЛКУ РАЗУМ – ПОРАКИ ОД ЧЕНТО И ДУРЛОВСКИ: Сплотете се, доста со кавги и делби на гласачи и бојкотирачи

Без македонството, Македонија е само форма без суштина. Оставете ги настрана меѓусебните обвинувања, бидејќи така нема да успееме, порачува патриотот Јане Ченто, по завршувањето на претседателските избори.   – Не обвинувајте се тие што гласавте и тие што бојкотиравте. Денеска СДСМ освои 280.000 гласови, а ДУИ, ДПА, Алтернатива, Алијанса на Албанците, Беса и Амди Бајрам му донесоа околу 150.000 гласови на Стево Пендаровски. Тоа е фактичката состојба и тие се свесни за тоа. Затоа браќа и сестри, нашата цел е рушење на оваа власт, а сплотени сите што сме против…

КАКО И ЗА КОГО НАСТАНАЛА „МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ“? (ВИДЕО)

Седеле така Јонче Христовски, Кочо Петровски, Виолета Томовска и други македонски музичари, на 4 февруари во далечната 1967 година, на веселба по повод првиот роденден на малата Невенка. Одеднаш, низ муабет, им светнало дека никогаш немаат направено песна за македонското девојче (т.е. убавината на македонската жена), па фатиле на лице место да компонираат. Песната биднала, прераснувајќи во најубавиот можен подарок за мајката на малата Невенка – Виолета Томовска. Во април истата година, Виолета Томовска и Кирил Манчевски премиерно ја изведуваат песната „Македонско девојче“.

АРТАН ГРУБИ: Ние избираме претседатели на Собранието, премиери и ние избираме претседатели на државата!

Артан Груби, организацискиот секретар на ДУИ, по завршувањето на гласањето во вториот круг од претседателските избори објави статус на Фејсбук и во истиот напиша дека Али Ахмети и ДУИ одлучиле кој ќе биде спикер на Собранието, премиер на Владата и претседател на државата. -Али Ахмети и ДУИ избираат претседатели на Собрание, Али Ахмети и ДУИ избираат премиери, Али Ахмети и ДУИ избираат претседатели на државата. Без Али Ахмети и ДУИ не ја бива работата, напиша Груби.

ПЕНДАРОВСКИ ПОБЕДИ, НО ЈАС НЕ ЈА ИЗГУБИВ БИТКАТА, КАЖА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА

Претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова кажа дека нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски денеска победил, но дека таа како поединец и како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ не ја изгубила битката. Таа им се заблагодари на граѓаните за 370-те илјади гласови, освоени во вториот круг и рече дека се чувствува чудно.  „Чудно се чувствувам. Неверојатно сум им благодарна на граѓаните за оваа ретка прилика, ме подмладија. Верувале или не, ама да добиете речиси 370 илјади гласови е голема благодарност, а згора и да станете позната по улиците како Гога. Тоа е нешто што…

Стево Пендаровски е нов претседател: Ќе бидам претседател на сите!

Стево Пендаровски прогласи победа и најави дека ќе биде претседател на сите граѓани на Република Северна Македонија. Стево Пендаровски, им се заблагодари на насобраните во седиштето на СДСМ, на македонски и албански јазик, порача дека одлучиле да продолжат „Заедно напред“. Ова денеска беше нашата достоинствена Македонија. Победа на мнозинството граѓани, независно од политичка и етничка припадност. Се обедини и рече продолжуваме заедно напред – никогаш повеќе режим, рече Пендаровски. Свечено сакам да објавам дека ќе ви служам посветено на сите, додаде Пендаровски.

Вардар е голем, Вардар повторно е на фајнл-фор!

Вардар одново е на фајнл-фор! Издржа Вардар на гости кај ПИК Сегед (29:25) и поради победата од осум гола разлика во Скопје по трет пат ќе игра на фајнл-фор турнирот во Келн! Вардар, Барселона, Киелце и Веспрем ќе се борат за европската титула! Денес Вардар одигра катастрофално прво полувреме после кое ПИК Сегед имаше предност од осум гола разлика 17:9. Меѓутоа вториот дел донесе многу подобра игра на Вардар и гледавме голема борба на двете страни. На голот на Вардар се разбуди и Дејан Милосваљев кој во најважните моменти беше…

Пендаровски во водство според првичните резултати

Претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски води со 59,92 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Сиљановска-Давкова со 36,79 отсто, според првичните резултати објавени на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), од обработени 21,36 отсто од избирачките места Одзивот во вториот круг на претседателските избори изнесуваше 44,5 проценти, до 18.30 часот.

Ин мемориам: На 94 години во Скопје почина Ефтим Гашев, суден за македонската кауза

На 94-годишна возраст денеска во Скопје почина Ефтим Гашев, познат македонски публицист и пистаел, доследен поборник за независна обединета македонска држава и жесток противник на шовинизмите кон Македонците од соседните држави и на комунизмот. Погребот на Гашев, како што објави Нетпрес, ќе се одржи утре во 12,30 часот на скопските градски гробишта во Бутел. Ефтим Гашев е еден од Македонците кои во периодот на комунизмот се затворани и прогонувани од тогашните тајни служби, и се судени за идеите за обединета Македонија. Гашев е роден во Скопје во 1925 година. Образованието…

Ни доаѓа Ѓурѓовден: Никако не правете едно нешто за да немате мака цела година

Православните верници во понеделник го прославаат Ѓурѓовден, празникот кој е врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување. Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви. Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река. Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати. Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила…